После првото нанесување на оваа маска, ќе го почувствувате нејзиниот извонреден ефект. Оваа маска станува алтернатива на бројни козметички третмани во салоните за убавина.
Покрај тоа што е економична, нејзиниот ефект некои го изедначуваат со ботоксот. Маската е целосно природна, ја затегнува кожата и е доста евтина.
Потребни состојки за нејзина подготовка:
- 1 белка
- Половина лажица лимонов сок
- Половина лажица кокосово масло
Начин на подтготовка:
Земете јајце со средна големина и одвојте ја белката од жолчката. Ставете ја белката во мал сад и мешајте додека не добиете густа пена. Потоа додајте го лимоновиот сок и кокосовото масло, па повторно матете. Маската нанесете ја на претходно добро исчистено лице и оставете да делува 10-15 минути. Кога ќе се исуши, измијте ја со топла вода или со чај од камилица.
За најдобар резултат добро е оваа маска да ја применувате 2 пати неделно.