Почина Синан Сакиќ, еден од најлегендарните пејачи на народни песни во поранешна Југославија
Познатиот фолк пејач Синан Сакиќ почина денес по тешката борба со болеста јавуваат српските медиуми
Пејачот Синан Сакиќ (62) почина денес по тешката борба со болеста. Тој беше еден од најпознатите фолк пејачи во Југославија. Роден е на 13 октомври 1953 година. Има објавено 29 албуми на кои се наоѓаат многу песни кои беа големи хитови во цела поранешна Југославија, од Вардар до Триглав.
Познатиот пејач во болница беше примен на 27 април, а по прегледот востановено е дека му е потребна трансплантација на црниот дроб. Минатата година му беа вградени стентови во жолчните канали, но докторите по операцијата востановиле дека тоа не е трајно решение и дека му е потребна трансплантација на црниот дроб.
https://www.youtube.com/watch?v=bL2fznc6EGI
Кој беше Синан Сакиќ
Синан Сакиќ е пејач со ромско потекло роден на 13 октомври во Лозница. Кариерата ја започна со песните „Растанак крај реке“ и „Срели смо се многу касно“ во 1978 година, а до 2017 има издадено 29 албуми. Негови најголеми хитови се „Еј од кад сам се родио“, „Судбина ме на пут шаље“, „Заљубен у тебе“, „Изаџи на пет минута“, „Реци све жеље“ и уште многу други песни.