Вирално

Почина Хју Хефнер (91) (Видео)

Advertisement

Почина Хју Хефнер во 91 година од животот

Advertisement

Основачот и сопственикот на познатиот магазин Плејбој е роден во Чикаго во 1926 година, а во дамнешната 1953 година, со само 600 долари, го основаше магазинот Плејбој кој со тек на времето стана мулти-милионска индустрија. Неговиот живот до последен момент беше опкружен со бројни убавици, кои живееја во неговата луксузна вила, а од кои многу станаа и познати светски ѕвезди. Популарните зајачици му ја донесоа славата на Хју кој важеше за голем заводник кој организираше оргии на своите надалеку познати забави.

Неговите најпознати зајачици се Џејн Мејнсфилд, Шенон Твид, Џени Мекарти, Памела Андерсон, Ен Никол Смит, Меилин Монро …

Advertisement

Како што соопшти ПР службата на магазинот, овој медиумски магнат и милионер почина од природна смрт во својот дом во Лос Анџелес опкружен со семејството, пренесува АП. Со основање на Плејбој во 1953 година Хефнер изгради бренд кој ја дефинираше сексуалната култура во втората половина од 20 век, како во Америка, така и во целиот свет.

{youtube}UpBapkSZtZY{/youtube}

„Животот е премногу краток за да се живее нечиј друг сон“ – беше една од најпознатите изјави на стариот лисец кој познатиот американски сон го живееше како никој друг досега.

Па, нека му е лесна земја …

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button