Реклама
Вирално

Почина млада девојка од Штип, била касната од крлеж – БОЛЕСТА ПРОГРЕСИРАЛА БРЗО, ова се симптомите!

По направени лабаработиски анализи, кај пациентката е дијагностицирана конго-кримска хеморагичка треска.

Реклама

Почина 27 годишна жена од штипското село Кучица, за која било утврдено дека била касната од крлеж,

Крлежот бил изваден во домашни услови, а по појава на симптоми, неколку дена по каснувањето, жената била хоспитализирана.

Таа најпрво била хоспитализирана во Штип, а потоа во Скопје, истакна Шабан Мемети, директорот на Институтот за јавно здравје.

Маркетинг

По направени лабаработиски анализи, кај пациентката е дијагностицирана конго-кримска хеморагичка треска.

Директорот на Институтот за јавно здравје додава дека со оглед на тоа што болеста се пренесува и преку крв од заразеното лице направено било пребарување на сите контакти во семејството, при што биле класифицирани според ризик (висок, среден и низок).

Маркетинг

Од контактите со висок ризик беа земени 4 материјали за тестирање и истите се негативни. Сите контакти од среден и висок ризик се ставени под здравствен надзор во наредни 14 дена, пишува ТВ21.

Фото: Унсплаш, илустрација

Крлежот треба што побрзо да се извади

Каснувањето на крлежот може да биде безболно, па така без да биде забележан може да остане закачен на кожата повеќе денови.

Како што советуваат докторите, вадењето на крлежот треба да биде стручно, во здравствена институција, исклучиво механички, со чиста пинцета која претходно е дезинфицирана со алкохол.

Пред да се отстрани, не треба да се ставаат никакви хемиски средства- етер, алкохол, бензин, ацетон, лак за нокти…

Овие средства предизвикуваат на повраќање на цревната содржина на крлежот во кој можат да се најдат причинители на болест, па од тие причини најдобри е крлежот да се извади во амбуланта.

Крлежот најпрво со пинцета треба малку да се повлече, доволно за да се подигне од кожата, а потоа да се фати подобро и полека да се извлекува.

По вадењето на крлежот од кожата местото треба да се дезинфицира, а доколку сами сте се обиделе да го извадите, и не сте го направиле тоа целосно, не обидувајте се тоа да го направите со преостанатиот дел, туку задолжително, треба да се обратите до стручно лице.

Исто така многу важно е по убод на крлеж да се следи здравствената состојба и да се оди на редовни контроли.

Ова треба да се спроведува во траење во три месеци – контролните прегледи треба да се вршат еднаш месечно.

Информации за конго-кримска хеморагична треска

Вирусот на ККХТ се пренесува на луѓето или по каснување од крлеж или преку контакт со заразена крв или животински ткива за време и непосредно по колењето на животните.

Поголемиот дел од случаите на заболување се однесуваат на луѓе кои се вклучени во работа со добиток, како што се земјоделските работници, работници во кланици и ветеринарите.

Преносот од човек на човек може да се случи како резултат на близок контакт со крв, излачевини, органи или други телесни течности на заболените лица.

Знаци и симптоми

Должината на периодот од заразување до појава на симптоми зависи од начинот на стекнување на вирусот. По инфекцијата со каснување од крлеж, периодот е обично еден до три дена, со максимум од девет дена. Периодот по контакт со заразена крв или ткива е обично пет до шест дена, со документирани максимум 13 дена.

Почетокот на болеста е ненадеен, со главоболка, висока температура, болки во грбот, болки во зглобовите, болки во стомакот и повраќање. Црвени очи, зацрвенето лице, црвено грло, и црвени дамки на непцето, се исто така присутни. Може да се јави жолтица, а во потешки случаи, промени во расположението. Како што напредува болеста, на телото на заболениот се јавуваат големи делови со модрици, како и крварење од носот. Закрепнувањето е бавно.

Прва опишана епидемија на ова заболување  во Република Македонија е во 1971 година при што заболеле 13 лица со два смртни исхода во едно семејство во с. Чифлик – Тетово. По оваа епидемија, лабораториски е потврден еден случај во 2010 година. Со оглед дека постојат услови за природни жаришта и на други подрачја во нашата република и ова заболување претставува потенцијална опасност.

Од соседните земји, болеста е ендемска во Косово, а регистрирани се спорадични случаи и во неколку други европски земји.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button