Денес, на 103 годишна возраст почина дедо Добри …
Дедо Добри беше еден од најголемите дарители на православните храмови во Бугарија. Тој живееше аскетски живот собирајќи пари кои ги подаруваше на храмовите и манастирите со што стана исклучително популарен и тоа не само во Бугарија, туку во целиот свет. Тој има дарувано преку 80 000 лева на црквата „Св. Кирил и Методиј“ во неговото родно село, потоа на Елешнишкиот манастир, на црквата во Калофер, а во 2009 г. подари 35 700 лева на храмот „Св. Александар Невски“, кое што воедно претставува и најголемото дарување од приватно лице во историјата на овој храм-паметник.
Инаку Добре Добрев е роден во 1914 г. во село Бајлово, Софиско. Татко му загинува во Првата светска војна, а мајка му сама ги одгледала децата. Има четири деца, од кои две ги надживува.
Од Кремиковскиот манастир соопштија дека неговото тело ќе биде изложено за поклонение во црквата во село Бајлово оваа вечер. Храмот ќе биде отворен цела ноќ. Утре ќе биде отслужена заупокоена Света Литургија и поклонението ќе продолжи во текот на целиот ден. Погребот ќе биде на 15 февруари.