Бебенце на геј пар почина затоа што беше оставено во автомобилот – беше посвоено пред два месеци
Безживотното тело на малата Дајана Софија Де Лос Сантос беше пронајдено на задното седиште на автомобилот пред домот на нејзините родители во Сан Диего.
Мало девојче почина само два месеци откако беше посвоено како новороденче затоа што беше оставено во автомобилот.
Безживотното тело на бебенцето беше пронајдено во автомобилот пред куќата на своите геј родители во Сан Диего, околу 12 часот на 13 јуни.
Бебето беше оставено само во автомобил0т на високите температури по што беше пронајдено од еден член од семејството кој веднаш повикал брза помош. Девојчето веднаш било пренесено во болница, но за жал докторите не успеале да ја спасат малата Дајана.
Фото: Фејсбук
Полицијата истражува како бебето било оставено во автомобилот, а досега не е подигнато обвинение против никого.
Родителите на Дајана, Ромер и Џејсон Де Лос Сантос бебето прв пат го донесоа дома на 11 април откако го земаа од болницата.
Фото: Фејсбук
Двомесечното девојче на слика со својот татко Ромер
Фото: Фејсбук
Нејзиниот втор татко Џејсон како ја држи во рацете на денот кога е посвоена
Фото: Фејсбук
На фотографиите се гледа и како родителите го држат бебето во рацете и го запознаваат со нивниот двогодишен син кој исто така е посвоен.
Фото: Фејсбук
Ромер и Џејсон се заедно повеќе од 20 години, а се венчаа во 2008 година кога во Калифорнија истополовите бракови беа дозволени.
Фото: Фејсбук
Парот живее во голема куќа, со три спални соби, но имаат и три мачки, две кучиња, кокошки, риби и папагали.
Гугл
Комшиите за „Дејлимејл“ изјавија дека парот изгледал како добри родители и дека често ги гледале како се играат во дворот со децата. Комшиите потврдиле дека брзата помош дошла за само неколку минути, а и снимката на камерите од вратите покажа реакцијата на вработените во Брзата помош.
Истрагата за причината за смртта се уште е во тек.