На скопскиот булевар „Гоце Делчев“, непосредно под тврдината Кале денеска се случи тешка сообраќајна несреќа во која е прегазен маж на велосипед, кој почина на самото место.
Од МВР информираа дека возачот на автомобил марка „пасат“ кој удри во велосипедистот веднаш избега од местото на несреќата.
Advertisement
„Денеска (03.11.2025) околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, управувано од машко лице и велосипедист, кој починал на местото на настанот. По несреќата, возачот на возилото „пасат“ го оставил возилото и заминал од местото на настанот“ соопштија од МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .