Реклама
Вирално

Почина уште една млада девојка во Нови Сад: Драга Емилија, патувај со ангелите и вјечнаја ти памјат во рајот

Младата девојка почина ненадејно, нејзините најблиски и пријателите скршени од болка...

Реклама

Млада писателка, докторантка по книжевност и јазик, Емилија Поповиќ (28), почина во Ургентниот центар во Нови Сад.

Оваа млада писателка почина по долга и тешка борба, а нејзината прерана смрт ги остави во голема болка нејзините најблиски, но и сите што ја познаваа и кои беа блиски со неа, како и оние што беа пријатели со неа на социјалните мрежи каде сега сите се збогуваат од неа.

„Драга наша Ема, патувај со ангелите“, пишува во една објава со која една нејзина блиска пријателка се збогуваше од неа.

Маркетинг

Инстаграм

И бидејќи станува за млада девојка, под нејзината фотографија се уште многумина пишуваат тажни пораки и се збогуваат.

Маркетинг

Инстаграм

Најблиските мислеле дека ќе издржи…

Емилија е родена во 1996 година во Лозница, каде завршила основно и средно училиште. Таа потоа завршува книжевност на Филозофскиот факултет во Нови Сад, а од 2021 годна е студентка на докторски студии.

Непосредно пред смртта беше објавена нејзината книга, а само неколку дена пред да почине истата беше промовирана на Саемот за книги. Има добиено и бројни награди, а била и стипендист во Фондот за млади таленти на Република Србија, како и добитничка на Градска награда на Лозница, пишува во локалните медиуми за Емилија.

Инстаграм

„Ја познававме Ема, многу ја сакавме, беше прекрасна. Вечен помен и рајска градина за нејзината добра душа“, пишува во една од многуте коментари што ги напишаа нејзините пријатели на Фејсбук.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button