Почина убавата Александра Лалеска – беше итно префрлена во болницата, но докторите не можеа да ја спасат
Почина млада инфлуенсерка
![](/wp-content/uploads/2025/02/alexandra4.jpg)
Како што пренесуваат британските медиуми, младата инфлуенсерка починала по компликација од инфекција на јајниците.
Александра Лалеска во средата била итно префрлена во болница во близина на својот роден град во Бразил, Хуазеиро до Норте.
Како што објави британскиот „The Sun“, на оваа 28 годишна инфлуенсерка и се влошила здравствената состојба по компликации од инфекција на јајниците, па докторите не успеале да ја спасат.
Инстаграм/ Александра Лалеска
Станува збор за млада модна инфлуенсерка од Бразил која само на Инстаграм имала преку 25.000 следбеници од цел свет.
Таа имала апсцес на јајниците што преставува тешка инфекција која може да предизвика сепса и да биде смртоносна.
Инстаграм/ Александра Лалеска
Младата девојка починала истата вечер кога била префрлена во болницата, а била погребана во градот Баро кој се наоѓа на 70-на километри источно од местото Хиазеиро до Норте каде што веќе неколку години живеела и работела.