Почина славниот актер од „Супермен“ – семејството ја потврди тажната вест
„Зад себе остава исклучително креативно наследство, и како актер и како писател, кое ќе продолжи да инспирира и да ги допира луѓето во годините што доаѓаат,“ стои во соопштението од семејството.

Британскиот актер Теренс Стамп, познат по улогата на генерал Зод во култниот филм „Супермен“, почина денес наутро, соопшти неговото семејство за агенцијата „Ројтерс“.
„Зад себе остава исклучително креативно наследство, и како актер и како писател, кое ќе продолжи да инспирира и да ги допира луѓето во годините што доаѓаат,“ стои во соопштението од семејството.
Actor Terence Stamp, star of Superman films, dies aged 87 https://t.co/YcygXopLfN pic.twitter.com/usguLZ9QgI
— Reuters (@Reuters) August 17, 2025
Номиниран за „Оскар“, Стемп остави силен белег во филмската историја со улоги во „Теорема“ на Пјер Паоло Пазолини (1968), „Сезона во пеколот“ (1971), како и во култната „Авантурите на Присила, кралицата на пустината“ (1994), каде што толкуваше трансродова жена. Публиката го памети и по филмот „Лајми“ (1999).
Иако не успеа да ја добие улогата на Џејмс Бонд, неговата кариера продолжи во Италија, каде што работеше со легендарниот Федерико Фелини кон крајот на 1960-те. Подоцна, повлечен од филмската сцена, патуваше во Индија за да изучува јога, но се врати со најзначајната улога во животот – генерал Зод во „Супермен“ (1978) и неговото продолжение од 1980 година.
Во следните децении, Стамп продолжи да се појавува во бројни остварувања, меѓу кои „Валкирја“ со Том Круз (2008), „Биро за прилагодување“ со Мет Дејмон (2011), како и во неколку филмови на Тим Бартон.
Говорејќи за своето детство, актерот велеше: „Голем благослов во мојот живот беше тоа што имав навистина тежок почеток, затоа што бевме многу сиромашни.“
Во приватниот живот признаваше дека манекенката Џин Шримптон била љубовта на неговиот живот, додавајќи: „Кога ја изгубив, тоа се совпадна со крајот на мојата кариера.“