Наши ѕвездиНовости

Почина режисерот на серијата која беше хит во цела Југославија – падна за време на снимање (видео)

Неговите дела оставија голема трага во југословенската кинематографија

Advertisement

Почина еден од најпознатите српски режисери

Познатиот режисер Михаило Вукобратовиќ (73) почина на 7 септември, во болница во Земун, на одделение за неврохирургија.

Advertisement

Како што пренесуваат медиумите, Михаило бил примен во болница на 28 јуни откако претходно паднал на снимањето.

Принтскрин/ Јутуб, Slow TV Relax

Режисерот тогаш се здобил со тешки повреди на главата и рбетот, по што бил пренесен во болницата.

Advertisement

Тој беше познат по режирање на бројни серии, а едно од неговите најпознати телевизиски ремек-дела беше „Подобар живот“.

Подобар живот

Потсетуваме, серијата „Подобар живот“ премиерно се емитуваше од 1987 до 1991 година и беше хит и во Македонија.

Во серијата глумеа многу познати актери, а меѓу нив и Лидија Вукичевиќ како Виолета Попадиќ, ќерка на Драгиша Попадиќ.

Оваа серија тогаш беше една од најгледаните и во нашата земја и на тогашните генерации им го одбележа животот.

Принтскрин/ Јутуб, РТС

Михаило ги режираше првите 29 епизоди од серијата, а ќе остане запаметен и по бројни други познати српски серии и филмови.

Тој беше и директор на култниот белградски Театар Терезије каде по 12 години ќе поднесе оставка, на 21 февруари 2013 година.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button