Почина пред нејзини очи, тогаш имаше самo 16 години – најтажниот ден во животот на Стојне (видео)
Нашата фолк-пејачка искрено за НАЈТАЖНИОТ ДЕН во нејзиниот живот – имаше само 16 години...

Почина пред нејзини очи…
Познатата фолк-пејачка Стојне Николова во емисијата „Кафе муабети“ зборуваше за најголемата загуба во животот.
Пејачката си ја отвори душата и пред камерите отворено зборуваше за овој тажен настан поврзан со нејзиниот татко, кој, како што вели, починал пред нивни очи, во дневната соба, што било толку трауматично што оставило длабоки последици кај неа.
Инстаграм/ Стојне Николова
„Тој период дефинитивно беше многу тежок за мене, но и за целото мое семејство. Јас бев многу мала тогаш, отприлика имав шеснаесет и пол, седумнаесет години. Но најтешки мислам ни беше, на мене, но и на моите двајца браќа помали, па и на мајка ми, и на сите присутни што беа таму во моментот, тоа што тој почина пред наши очи“, вели пејачката во најновата емисија „Кафе муабети“.
Животот оди понатаму
„Мислам дека тоа е траума која што човек може многу тешко да ја преброди, да ја надмине, па потоа се соочував и со панични напади, и со анксиозност. И до пред неколку години беше така, но ете, животот оди понатаму“, открива Стојне.

Мислам дека е горд на мене
„Многу пати сум кажала ние бевме и се уште сме, и ден-денес, едно многу сплотено семејство. Јас сум горда на моите родители што не израснаа такви какви што сме, да ги цениме и почитуваме луѓето не според она колку имаат туку според тоа какви се, што носат во душата и во срцето, и едноставно, си бевме тука еден за друг. И дене-денес е така, не е сменето ништо, само сме, нели, сите на различни страни“, вели Стојне, па со многу емоции го додаде и следново за нејзиниот татко.
„Ете, поминаа години, тој не е помеѓу нас, но јас мислам дека е горд на мене и на моите браќа, зошто пред се, останавме скромни луѓе, чесни и добри“ заклучува Стојне во емисијата „Кафе муабети“.
Целото видео со Стојне погледнете го во продолжение: