ВестиНовости

Почина позната пејачка, имаше само 39 години – нејзината последна објава ги остави сите без зборови

Голема трагедија, се огласи нејзиниот сопруг

Advertisement

Пејачката почина откако доживеа срцев удар

Познатата пејачка Луна Алвес имаше настап во Бразил, а утредента нејзиниот сопруг повика брза помош бидејќи и беше лошо.

Advertisement

Таа почина на 39 годишна возраст, а за време на својот последен настап не покажувала никакви знаци дека не и е добро.

Инстаграм/ Луна Алвес

Како што изјави самиот сопруг за медиумите, се вратиле дома и тој си легнал околу 1.40 част наутро, а Луна била добро.

Advertisement

„Околу 5.10 часот наутро, слушнав дека не се чувствува добро во креветот и веднаш станав и викнав Брза помош. Докторот остана на линија со мене, ми помагаше. Брзата помош не остана долго, но за жал, ја прогласија за мртва“, изјави сопругот на пејачката, пренесе „Дејли меил“.

Инстаграм/ Луна Алвес

По својот последен настап, а откако се врати дома, Алвес сними видео од една минута со кое им се заблагодари на сите за концертот.

„Дома сум, одам на спиење. Но најпрво, секако, сакам неизмерно да му се заблагодарам на Господ, од дното на срцето, што ми даруваше живот, што ми даруваше глас. И затоа навистина сум благодарна. Само на Него, само на Него и на себеси, длабоко во себе. И на луѓето кои работат со мене, на изведувачите на работите, пријателите, партнерите, на луѓето на кои им се допаѓа она што го работам“, изјави таа во своето последно видео што го сними само неколку часа пред да почине, па на крајот од снимката ги додаде и следниве емотивни зборови:

„Одлично е што работите работа каде луѓето ве фалат, каде на луѓето им се допаѓа она што го работите. Ви се заблагодарувам од срце“, изјави таа заблагодарувајќи им се на своите обожаватели.

Инстаграм/ Луна Алвес

Потсетуваме, Алвес со сопругот Шрајнер беше во брак три и пол години и зад себе остави две ќерки, од 9 и 19 години, од претходната врска.

Инстаграм/ Луна Алвес

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button