Наши ѕвезди

Почина познат македонски музичар – колегите и пријателите се збогуваат со тажни пораки

Ова утро осамна тажна вест – почина музичарот Петар Исиров познат како македонскиот Џо Кокер

Advertisement

Почина познат македонски музичар

Почина познатиот рок и блуз музичар Петар Исиров Пјотр кој со својот бенд веќе долги години ја забавуваше публиката.

Advertisement

Речиси да нема место во Македонија во која се слуша добра странска музика, а петар да нема настапувано со својот бенд.

Принтскрин/ Фејсбук

Беше познат како Перо Кокер, заради неговата голема љубов кон Џо Кокер, а оние што го познаваа за него велеа дека од славниот англиски пејач се разликува само по фризурата.

Advertisement

Перо песните на Џо Кокер секогаш ги изведуваше секогаш со многу автентичност и емоции, а клупските свирки со Перо секогаш беа врв, со одлична музика и уште подобра забава.

Тој повеќе од три децении настапуваше низ цела Македонија, а со неговиот препознатлив глас беше еден од омилените музичари.

По веста за неговата смрт многу негови колеги и пријатели се во шок и со потресни зборови се збогуваат од него.

Принтскрин/ Фејсбук

„Ти беше и повеќе од Џо Кокер. Ти беше и музичар и другар. Пјотр Petar Isirov кој не го запознал, не знае ништо за живите свирки во градов и блузот. Почивај во мир и таму горе да ги искинеш сите жици на гитарата“, пишува во една од овие пораки што ја напиша Дарко Ристовски, а ја сподели и македонскиот шоумен Бетмен Велит.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button