Поранешниот претседател на САД, Џими Картер, почина на возраст од 100 години, речиси две години откако објави дека ќе ги помине своите последни денови во Дом за нега на стари лица.
Неговиот син, Чип Картер, 74 години, потврди дека поранешниот претседател починал во својот дом во Џорџија во недела околу 15:40 часот.
Поранешниот демократ служеше само еден мандат во Белата куќа и целата своја преостаната животна енергија ја посвети на добротворни активности, а на крајот одлучи да не продолжи со медицинско лекување и во февруари 2023 година замина во Дом за нега на стари лица, по серија хоспитализации, пренесува Дејли меил.
Добитникот на Нобеловата награда за мир ги помина последните години во Плејнс, Џорџија.
МаркетингView this post on Instagram
Со саканата сопруга Розалин беше во брак 77 години, до нејзината смрт на 19 ноември 2023 година, на возраст од 96 години.
Еден од неговите последни јавни настапи беше во инвалидска количка за да го прослави својот 100-ти роденден на 1 октомври во својот дом во Џорџија, опкружен со семејството и пријателите.
Поранешниот демократски претседател отиде да гласа на изборите за 2024 година.
在 Instagram 查看这篇帖子
Минатата година, тој присуствуваше на погребот на сопругата, во друштво на повеќе поранешни први дами на САД, вклучително и Мишел Обама и Меланија Трамп.
Розалин беше дијагностицирана со деменција и ги помина своите последни денови со сопругот во домот, со редовни посети од саканите членови на семејството.
Четирите години на Џими Картер како претседател на САД беа обележани со нафтена криза која ги натера Американците да се чекаат на ред за гориво и со ситуацијата со иранските заложници која траеше до последните моменти од неговото претседателствување, пред Роналд Реган да ја преземе функцијата.
Но, посветеноста на Картер на хуманитарната работа значеше тој брзо да стане еден од најпопуларните фигури во американската политика.
Со смртта на Картер, сега има само пет живи претседатели на САД – Бил Клинтон, Џорџ В. Буш, Барак Обама, избраниот претседател Доналд Трамп и актуелниот претседател Џо Бајден.