Вести

Почина поранешен кошаркар на Пелистер, МЗТ, Вардар и младински репрезентативец!

Advertisement

Поранешниот кошаркар и легенда на Пелистер, Зоран Петковски почина на 47-годишна возраст, а информацијата ја објави македонскиот прволигаш од Битола.

Петковски ги направи првите кошаркарски чекори во Пелистер, а беше и младински репрезентативец на Македонија, додека во кариерата ги носеше и дресовите на Куманово, Вардар, МЗТ Скопје и други екипи.

Advertisement

На почетокот на неговата тренерска кариера седна и на кормилото на Пелистер, со кој обезбеди пласман во елитата, а пред неколку години беше и член на управата на „зелено-белите“.

Ќе остане запаметен како еден од најдобрите битолски кошаркари во историјата.

Покрај тренерска кариера во матичниот КК Пелистер, беше дел од проектот КК Хераклеја.

Advertisement

Зоран Петковски по неговото повлекување од неговата “љубов” кошарката, стана и е дел од Советот на Општина Битола, човек кој со својата посветеност, енергија и љубов кон спортот остави неизбришлива трага во спортскиот живот на Битола.

Неговата поддршка на спортските иницијативи и неговиот несебичен дух ќе останат запаметени како пример за вистински битолски патриот и спортски ентузијаст.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button