Почина пејач од „Никогаш не е доцна“, на само 59-годишна возраст – твоите песни ќе останат засекогаш со нас
Во емисијата откри дека бил принуден да работи како таксист, а иако одамна снимил албум, не успеал да изгради пејачка кариера во младоста.

Боривојe Јовановиќ, кого публиката го запозна преку музичкото натпреварување „Никогаш не е доцна“ под уметничкото име Бора Мерцедес, почина завчера по борба со тешка болест.
– Твоите песни ќе останат засекогаш со нас. Даде огромен придонес во зачувувањето на традиционалната ромска музика, а во исто време создаваше нови, современи мелодии и текстови што ќе траат. Беше еден од најдобрите гласови што сум ги слушнал, а твојата музика секогаш ќе има место во нашите срца. Почивај во мир, изјави Стева Николиќ за „Гранд“.
Кој беше Бора Мерцедес?
Бора Мерцедес почина на 59-годишна возраст во Виена, каде со децении живееше и работеше.
Публиката во популарната музичка емисија „Никогаш не е доцна“ ја освои не само со својот препознатлив глас, туку и со својата духовитост и животна приказна.
Во емисијата откри дека бил принуден да работи како таксист, а иако одамна снимил албум, не успеал да изгради пејачка кариера во младоста.
Боривојe Јовановиќ, познат како Бора Мерцедес, е роден на 1 март 1966 година во Стара Пазова.



