Актерот кој се прослави со улогата во филмот „Зелената Милја“, почина вчера на возраст од 54 години, како последица на срцевиот удар кој што го доживеа во месец Јули…
Michael, кој за улогата во споменатиот филм беше номиниран за наградата Оскар, бил под медицински третман во болницата во Los Angeles, соопштува неговата вереница Omarosa Manigault-Stallworth, која вели дека се чувствува ужасно и дека тој бил „љубовта на нејзиниот живот.“
Неговиот колега од „Зелената милја“, Tom Hanks издаде и официјално, трогателно писмо до јавноста:
„Тој беше богатство кое сите ние го откривме на снимањето на „Зелената милја“, тој беше волшебен. Во себе имаше голема љубов и сите ние сме запрепастени од неговата смрт.“
Смртта на актерот дојде многу ненадејно и според рапортите од Hollywood, неговата вереница Omarosa била присутна во неговата соба во болницата целото време откако бил пренесен таму. Бил потребен само еден краток момент кога таа излегла, за да кога се врати, тој веќе биде мртов.
Duncan се појави и настапуваше во голем број на филмови, вклучувајќи ги и блокбастерите “Armageddon”, “Planet Of The Apes” и “Sin City”. Во 1999г. беше номиниран за Оскар за најдобра машка споредна улога за филмот „Зелената Милја“, но ја загуби финалната ’трка‘ од англискиот актер Michael Caine, од неговиот перформанс во филмот “The Cider House Rules”.
Моментално, неговото семејство ги планира приватните и јавните обреди околу неговиот погреб.