Почина македонската пејачка Бади Бекир

Тажна вест попладнево се рашири на социјалните мрежи. Почина македонската пејачка Небахат Бади Бекир.
Покрај соло кариерата, Бади понекогаш настапувала со групата наречена „Четири грации“, каде покрај Бади беа и Благица Павловска, Адријана Алачки и Росана Тодоровска. Нарекувана е македонската Весна Змијанац.
Малкумина знаат дека нејзиното вистинско име е Небахат, а своевремено беше дел од познатата македонска фолк група „Четири грации“ со своите колешки Адријана Алачки, Росана Тодоровска и Благица Павловска.
Бади своите први чекори на сцената ги прави во детските денови како член на играорната група изучувајќи го истовремено и македонскиот и турскиот фолклор. На музичката сцена дебатира во 1985 година на фестивал за забавни мелодии, а паралелно пее на турски, албански и македонски јазик.
Најплоден период на нејзината кариера е за време на големите југословенски турнеи. По распадот на Југославија и се посвети на македонската фолк песна.



