Актерот Небојша Чолиќ, познат по својот лик „Фико Босанецот“ од Курсаџии, почина денес на 68-годишна возраст.
Чолиќ е роден во 1957 година во Сараево, каде што го завршил драмското студио во класата на професорот Рејхан Демирџиќ.
Advertisement
Првиот професионален ангажман го имал во 1980 година во Народниот театар во Ужице.
Во сезоната 1984/1985 година бил ангажиран во Народниот театар во Суботица.
Од 1993 година бил член на театарот КПГТ во Белград, а од 1997 година работел како независен уметник.
Advertisement
Се пензионирал од Суботичкиот театар, каде што одиграл голем број значајни улоги во ансамблот „Драма на српски јазик“.
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .