Почетна плата од 500 евра плус бонуси, не ви треба факултетска диплома – но ова мора да го знаете
Овие работници се барани како кај нас, така и во регионот, а не станува збор за ИТ секторот

Овој оглас изненади многумина во регионот
Едно козметичко студио во Белград кое веќе со години постои во центарот на овој град бара козметичар или козметичарка.
Како што пишува во самиот оглас на ова козметичко студио потребен му е работник од оваа област со искуство и знаење за различни третмани, а она што посебно привлекува вниманието е платата.
Фото: Фрипик
Имено, во огласот месечната заработка во нето износ се движи од 45.000 до 60.000 денари, што е интересна сума за Белград.
Колкава е платата кај нас
Овој оглас кој предизвика големо внимание во регионот не инспирираше да погледнеме дали има слични огласи и кај нас.
Па така пребарувајќи на интернет дојдовме до оглас објавен на еден наш познат огласник пред неколку дена од познат салон од Скопје кој бара искусен фризер или фризерка.
Како што е наведено во огласот, се бара минимум средно обрзование и пожелно е кандидатот да има три години работно искуство во салон, но ова не е задолжително, пишува во огласот.

Но затоа потребно е кандидатите што ќе се пријават на овој оглас да имаат познавање од некои техники кога станува збор за машко и женско шишање, потоа изработка на свечени фризури, професионално фенирање и сл.
Она што го нудат, како што пишува во огласот, е работа во перспективна средина, работа во две смени со вкупно 40 часови во неделата, како и редовна почетна плата од 30.000 денари плус бонуси.
Па, што мислите, дали овој износ преставува интересна финансиска прилика за оние што сакаат да работат во секторот на убавината и негата, имајќи го во предвид тоа што за овие позиции работодавците не бараат формално образование во вид на диплома, односно тоа не е наведено како услов?
Но затоа фокусот е ставен на практичното искуство и вештината на кандидатите, па за оние поискусните, и платите се поголеми.
Впрочем и во двата огласи се вреднува знаењето и искуството на кандидатите, а во исто време им се нуди сигурна работа, ќе бидат законски пријавени, ќе работат во смени и пријатна работна атмосфера. Единствената разлика е што во едниот случај е фризерски салон, а во другиот станува збор за козметичко студио.
И почетната плата во Белград е околу 45.000 денари со можност да се искачи до 60.000 денари, додека во огласот за салонот во Скопје почетната плата е 30.000 денари.
Но не е наведено до колку би можела истата да се зголеми, освен што се спомнати бонуси, но не и нивниот можен износ.
Па, дали ви звучи интересно овој оглас? Тука може да го ѕирнете…