Победникот од „Ѕвездите на Гранд“ ќе ги расплаче печалбарите од целиот Балкан со овие стихови
Никола сними песна со еден од своите омилени пејачи

Прва песна на младиот пејач по финалето
Никола Станишиќ од Скопје со својот талент го воодушеви целиот Балкан додека се натпреваруваше во Ѕвездите на Гранд.
Тој потполно заслужено ја однесе победата, а сега излезе и неговата прва песна по освојувањето на првото место.
Принтскрин/ Јутуб
Песната се вика татко мој и Никола ја изведе во дует со уште еден македонски пејач кого отсекогаш го почитувал.
Станува збор за Гоце Петрески, а како овие двајца млади боеми звучат во ова нивно остварување, слушнете во продолжение.
Песната е објавена на официјалната страница на Гранд продукција, а стиховите се емотивни и никого не оставаат рамнодушен.
Инстаграм/ Никола Станишиќ
ГОЛЕМО БРАВО и за двајцата!
Станува збор за пачелбарска тематика, а од коментарите може да заклучиме дека песната ќе биде голем хит.
„Ме наеживте, ме расплакавте. Емоции летаат и од двајцата“, гласи само еден од бројните коментари под видеото.
Инстаграм/ Никола Станишиќ
Потсетуваме, Никола има 24 години и живее во Волково, а во „Ѕвездите на Гранд“ се прослави уште со првиот настап.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Тој и пред неколку години се натпреваруваше во ова шоу, само што тогаш беше во тимот на Марија Шерифовиќ.
Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Но овој пат Никола за свој ментор ја избра Цеца Ражнатовиќ и очигледно не погреши што со овој негов избор.
Што ни изјави Никола неодамна за својата менторка Цеца, но и за Марија Шерифовиќ, откријте тука.