Победникот Никола Станишиќ сподели среќна вест – НЕВЕСТАТА БЛЕСКА покрај него, имаме нов хит!
Нова радосна вест од победникот во „Ѕвездите на Гранд“

Прекрасно…
Никола Станишиќ покрај својот моќен глас дефинитивно може да биде прогласен и за најголем романтичар на сцената.
Впрочем со таква енергија зрачи и ова негоо најново издание кое што го направи заедно со колешката Анѓела Арман.
Принтскрин/ Јутуб
Имено, тие направија преработка на песната „Поздрави“ за која снимија и спот, а песната веднаш ги воодушеви сите.
Станува збор за голем музички хит кој оригинално го пеат Тања Савиќ и Емир Џуловиќ, а како звучат слушнете во продолжение:
Потсетуваме, за Никола и Анѓела веќе некое време се шушка дека помеѓу нив има нешто повеќе од пријателство, но овие информации тие досега ги немаат потврдено, ниту пак демантирано.
Принтскрин/ Јутуб
Тие се запознаа во „Ѕвездите на Гранд“ кога Никола победи, а Анѓела беше една од финалистките во шоуто.
Таа беше и една од гостинките на победничкиот концерт на Никола во Скопје, каде исто така беа мошне блиски на сцената.
Принтскрин/ Инстаграм
И фотографиите од овој спот кои што во претходните недели беа објавувани само ги поттикнаа шпекулациите околу нивната, наводна, врска, посебно што тие и во спотот глумат дека се вљубени, па многумина во коментарите им порачуваат дека изгледаат како некој совршен пар излезен од холивудските филмови.
Но дали тоа навистина е само „филм“ или има и нешто повеќе помеѓу нив, ќе покажат деновите што се пред нас…