Наши ѕвезди

Победникот Никола поминува низ многу тежок период – пејачот искрено за проблемите со кои се соочува

Најпрво откри дали е во врска со колешката, а сега и дека има сериозни проблеми со кои се соочува во животот...

Advertisement

Победникот во „Ѕвездите на Гранд“, Никола Станишиќ, откри дека поминува низ многу тежок период од својот живот.

Тој беше гостин во емисијата „Не е лесно да се биде јас“, па отворено зборуваше за многу теми од неговиот живот.

Advertisement

Никола откри и дека минува низ многу тежок период од животот, па пред камерите на „Гранд“ откри што го мачи.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

„На мене ми е многу тешко затоа што сум Македонец. Во натпреварот ги пеев сите песни на македонски и очекуваат од мене тука да пеам македонски песни, а од друга страна, Србите очекуваат на српски. Тоа е огромен проблем за мене, се обидувам да бидам и таму и тука по малку“, изјави Никола во споменатата емисија.

Тој исто така додаде и дека вистинската борба започнува по шоуто, дека тоа всушност е вистинскиот натпревар за сите.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

„Тоа е тешка борба“, вели Никола.

Потсетуваме, Никола во „Ѕвездите на Гранд“ ги освои сите со својот шарм, а по препорака на Цеца пееше македонски песни.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

И ова беше победничка формула, а Никола на кого татко му е од Србија, а мајка му од Македонија, ги освои сите.

Тој за време на финалето цело време пееше македонски песни, а нејемотивен момент беше кога во финалето ја изведе песната од ДНК, „Ако утре ме нема“, кога ги расплака речиси сите.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Никола тогаш овој свој настап им го посвети на жртвите што настрадаа во пожарот во Кочани, а публиката го награди со овации.

Како изгледаше Никола тогаш, потсетете се тука >>

Инаку, Никола во споменатата емисија откри и дали навистина е во врска со убавата колешка од „Ѕвездите на Гранд“.

Повеќе за ова прочитајте тука >>

Извор: Гламур, Гранд.онлајн

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button