Наши ѕвезди

Победникот Никола откри дали има нова девојка – се зборуваше дека е заљубен во оваа колешка

По победата животот му се промани за 180 степени

Advertisement

Победникот во „Ѕвездите на Гранд“, Никола Станишиќ, во моментов е еден од најбараните пејачи од Македонија.

По триумфот во популарното шоу неговата популарност вртоглаво се зголеми и тоа во целиот регион, а следуваа и неколку песни и спотови со кои Никола ја воодушеви публиката. Деновиве тој повторно се врати во студиото на продукција „Гранд“, но како што откри и самиот, сега му е многу полесно бидејќи го нема стресот што го чувствувал додека се натпреварувал, туку само гостува во емисии.

Advertisement

И како што откри Никола за „Гранд.онлајн“, животот по натпреварот во шоуто му се променил многу, така што денес го живее својот сон.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

„Сето она што некогаш ми беше сон, сега се исполнува, Сé“, вели Никола во неговото интервју за споменатиот медиум.

Пејачот меѓу другото зборуваше и за својот емотивен статус, откривајќи и дали сега има поголема „гужва“ околу него кога се во прашање припадничките на понежниот пол. Едно време се шушкаше дека е во врска со својата колешка од шоуто, Анѓела Арман, со која по натпреварот сними и спот, но пејачот неодамна откри дека помеѓу нив нема ништо освен пријателство.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

„Да бидам искрен навистина е така“, вели Никола за тоа дали сега има повеќе девојки на кои им се допаѓа, па го додаде и следново:

„Не, немам девојка – нагласи тој и откри како се носи со овој вид на обожавателки, но и што му е приоритет во моментов.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

„Тоа е потполно нормално. Колку повеќе си популарен, тоа повеќе девојки те викаат. Па кој нема да им одговори. Но сега во фокусот му е кариерата“, изјави пејачот за споменатиот медиум, па откри и дека работи на нова песна која наскоро треба да го види светлото на денот, но и дека е на турнеја во Австралија.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Пејачот на турнејата во Австралија има настапи и со други наши ѕвезди, а една од нив е и познатата пејачка Сања Ристеска.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Тие неодамна имаа заеднички настап во Мелбурн, а Никола сподели бројни снимки од неговата посета во оваа земја.

Инстаграм/ Сања Ристеска

Повеќе од очигледно е дека ужива во турнејата, но и нашинците од дијаспората се радуваат на секое негово гостување.

Еден од неговите последни настапи погледнете во продолжение:

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button