Победничката во „Ѕвездите на Гранд“ си фати момче?! Пејачката во врска со колега, сите го знаете
Многумина се прашуваат дали тој беше и причината за нејзиниот „емотивен бродолом“
Младата пејачка од Македонија што победи во „Ѕвездите на Гранд“, Славица Ангелова, повторно во центарот на вниманието.
Пејачката и покрај тоа што не сакаше да изнесува детали за приватниот живот и по победата не сакаше да открие дали е заљубена, медиумите од соседството пишуваат дека била во врска со колега од шоуто.
По триумфот во финалето нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид откри дека Славица имала емотивни проблеми, но ѝ забрани на победничката да зборува пред новинарите за својот љубовен живот.
Но како што објави „Гранд.онлајн“, Славица наводно за време на пробите се зближила со колегата Велсан Зуловиќ од Бело Поле.
Според изворот на споменатиот портал љубовта помеѓу нив се родила на прв поглед за време на менторските проби.
Тие наводно се обидувале да го сокријат тоа, но останатите од тимот на Ѓорѓе веднаш забележале дека нешто се случува, вели изворот.
Оваа вест прв пат беше објавена на „Гранд.онлајн“ пред неколку месеци, но и сега, па многумина се прашуваат дали Веселин беше причината за емотивниот бродолом што Славица го доживеа пред финалето.
Имено, нејзиниот ментор откри дека таа плачела пред финалната вечер и дека настапувала под голем стрес.
Но Ѓорѓе не сакаше да ја открие причината за тоа. Тој и по победата не им дозволи на новинарите да извлечат повеќе детали од нејзиниот приватен живот објаснувајќи дека интимата треба да ја чува само за себе.
„Нема да зборуваме за приватниот живот. Славица и јас имаме договор со мојот бенд да почне да прави концерти. Тоа нема врска со нејзината победа. Имав разбирање за неа не само затоа што е од Македонија. Таа студира многу сериозно. Пропушти три проби вкупно заради предавања. Ретка е. Таа се труди сé да направи во животот. Не е свесна што значи оваа победа за неа. Ќе мора многу да работи на себе. Славица студира медицина“, истакна тогаш менторот на младата пејачка кога новинарите ја прашаа дали е во врска.
Инаку, Славица има 21 години и за себе вели дека е амбициозна и опуштена девојка која понекогаш знае да биде и поприлично тврдоглава.
Таа во Бугарија студира медицина и максимално е посветена на своите студии, а кога има слободно време најмногу сака да патува.
Та не крие дека беше изненадена од победата и дека воопшто не го очекувала тоа, што можеше да се забележи и од нејзината реакција.
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова