Победничкото ѕвоно ја одекна новата животна надеж на малиот херој Лир – триумфален момент на Детската клиника (видео)

На Клиниката за детски болести во Скопје денес повторно одекна звук кој буди надеж, победничкото ѕвонче.
Овојпат, него со гордост го заѕвони малиот Лир, уште едно храбро дете што победнички ја заврши својата борба со тешката болест. Во објава на официјалниот Фејсбук-профил, Клиниката ја сподели радосната вест и упати честитки за Лир.
-Победничкото ѕвонче денес силно заѕвони за да слушнат сите дека нашиот јунак Лир храбро ја помина и ја победи тешката битка. На Лир му посакуваме многу здравје, среќа и безгрижни детски моменти!, гласи среќната вест.
Моментот беше проследен со аплаузи и искренa радост од медицинскиот персонал, кој постојано се грижи за здравјето на овие мали борци. За Лир и неговото семејство, звукот на ѕвончето значи нов почеток, чекор кон иднина без болнички соби, страв и неизвесност.




