Наши ѕвезди

Победа во „Ѕвездите на Гранд“ не значи ништо?! Ќе се изненадите од овој коментар на менторката

Кариерата се прави по финалето, вели популарната пејачка Ана Бекута откривајќи што мисли за победникот

Advertisement

Популарната фолк-пејачка за победникот и „Ѕвездите на Гранд“

Не стивнуваат импресиите по прогласувањето на Никола Станишиќ за победник во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Advertisement

Тој самиот се уште е под силни емоции што може да се иди и од секое негово појавување во медиумите, а се уште под импресии се и неговите бројни обожаватели што пејачот ги има во целиот регион.

Инстаграм/ Ана Бекута

Па така за Никола деновиве може да читаме и во медиумите во соседството, што укажува на тоа дека овој пат победникот го сакаат сите, не само во Македонија, туку и на целиот Балкан.

Advertisement

Но дали победата во ова шоу навистина гарантира успех или таа и не е толку важна, може да видиме од примерите од претходните години. Впрочем за важноста на победата во „Ѕвездите на Гранд“ неодамна зборуваше и Ана Бекута, која веќе со години е дел од ова популарно шоу.

Инстаграм/ Ана Бекута

И како што таа изјави за „Гранд“, навистина е точно тоа дека многумина и покрај победата, подоцна не направиле голема кариера.

Такви има бројни случаи, а од друг страна има и многу „Гранд“ ѕвезди кои денес се популарни пејачи, а не биле ни меѓу првите тројца.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Не знам зошто е тоа така, можеби затоа што овие што се во заднината повеќе се трудат. Моменти се во прашање. Дали победникот ќе добие добра песна, дали таа песна ќе биде забележана кај публиката. Има тука многу интереси работи, тука сум од почетокот на овој формат и победникот не значи ништо“.

„Кариерата се прави по оваа финална вечер и оној кој има најмногу среќа и памет ќе стане ѕвезда“, изјави познатата пејачка за „Гранд“ непосредно пред финалето

Таа исто така додаде и дека како млада, и самата се натпреварувала, па иако никогаш не била најдобра, успеала да направи кариера.

„Факторот Икс е пресуден“, да не се лажеме, вели таа.

Што се однесува до Никола, многумина за него велат дека токму тој фамозен Икс фактор го има во себе и тоа е она што го одвојува од многу други колеги од шоуто. Впрочем и додека се натпреваруваше многумина за него велеа дека веќе е ѕвезда, а тоа очигледно го препозна и неговата менторка, Цеца Ражнатовиќ, но и Ѓорѓе Давид кој многупати ги фалеше неговите настапи.

Публиката го сака, посебно што секогаш е насмеан и расположен, па шири позитивни емоции со секој свој настап.

Посебно интересно е и тоа што новата македонска Гранд ѕвезда веќе ја најави и својата нова песна, и тоа дует со македонски колега, за која снимија и спот што наскоро треба да биде објавен (види тука).

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Од друга страна колку го сака публиката можевме да видиме и од тоа како беше дочекан по победата во својот роден крај.

Тој тогаш им се заблагодари на сите за поддршката, но и вети дека ќе даде се од себе да не ја изневери довербата што ја доби.

„Ќе се трудам да не ја изневерам вашата доверба. Наскоро ќе го објавам и датумот на големиот концерт кој ќе биде мој подарок за мојата верна публика што и ме донесе до победа и ми беше ветар во грбот“, изјави Никола тогаш, па со песна и својот глас направи забава за која се уште се зборува.

Како сето тоа изгледаше, потсетете се тука>>>

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Сето ова укажува на тоа дека Никола многу добро знае што се очекува од него, но и дека нашата публика знае да го цени тоа.

А кога оваа љубов ќе се случи, таа знае да трае вечно…

И токму затоа младиот Никола овој пат има одлични карти во рацете. Со нив тој еднаш веќе победи, и тоа убедливо, па воопшто не се сомневаме дека тоа ќе го направи и сега.

И не се сомневаме дека сите, во тоа, му посакуваме среќа…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button