Хет трикот на Лео Меси ја врати Барселона назад во борба за титулата, откако избраниците на Тата матино успеаја два пати да се вратат од негатива и на крајот да забележат победа.
Сепак централна фигура на теренот беше судијата Ундиано Малекано, досудувајќи три пенали и доделувајќи му црвен картон на Серхио Рамос, нешто кое што Барса го искористи за да дојде до победата.
И сега, со овој резултат, тимот на Барселона е само на еден бод заостанување во однос на Реал и Атлетико на табелата, на девет кола до крајот.
Каталонците го отворија резултат преку Иниеста кој што го искористи празниот простор по левата страна. И на додавање на Меси, силно ја заби топката во горниот десен агол.
Како и да е, одговорот од Реал беше импресивен преку Карим Бензема кој го врати балансот во 20 минута, кога по додавањето на Де Марија со удар со глава го совлада Валдез. Католнците и во продолжението имаа проблеми да го задржат Де Марија по левата страна, а овој тоа го искористи за уште една асистенција до Бензема и водство од 2:1.
Сепак, пред крајот на првиот дел, Барса успеа да изедначи преку Меси, кој во пробив по десната страна и гужвата која настана, испрати неодбранлив шут и резултат повторно беше изедначен.
После добриот старт на второто полувреме на Барса, Реал Мадрид добија шанса повторно да дојдат до водство, откако Дани Алвеш го сопна Роналдо во голманскиот простор, со што Португалецот доби шанса да го врати својот тим во водство од белата точка.
Но Барса одговорија со пенал преку Меси, откако Рамос го сопна Нејмар во шеснаесетникот и му беше доделен црвен картон. Потоа следеше уште еден пенал за Барса откако сега Иниеста беше соборен во казнениот простор од Чаби Алонсо. Шанса за водство и победа не пропушти Меси, кој стрелаше прецизно во горниот агол и со тоа стави крај на провото годинешно Ел Класико.
{youtube}ARAdCLGvjw0{/youtube}