По Вики ќе си замине ли и Цеца од „Ѕвездите на Гранд“? Шокантни цифри се во игра, еве што вели пејачката
Пејачката Цеца доби „луди“ пари за да остане во шоуто, преку половина милион евра за само две сезони?!

Пејачката неодамна изнесе детали од договорот, ги спомна и лагите што се шираш за шоуто
Многумина се прашуваат дали Цеца Ражнатовиќ ќе остане во жирито на популарната талент-шоу емисија „Ѕвездите на Гранд“.
Балканската кралица на народната музика, Светлана Цеца Ражнатовиќ, се појави во финалето во „Ѕвездите на Гранд“.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Во финалето победи нејзиниот кандидат Никола Станишиќ, а Цеца мораше да го откаже одморот за да присуствува.
И како што самата откри тогаш, во „Ѕвездите на Гранд“ ќе остане минимум уште две сезони, колку што трае договорот.
Инстаграм
„Ќе бидат дел од шоуто уште две сезони. Барем уште две години имам договор. Што се однесува до шоуто, јас уживам во него, се чувствувам како дел од тимот, еден величествен тим што победува. Сé и сешто се наслушавме и нагледавме. Дека ни е лош рејтингот, дека не сме гледани. Тоа се такви лаги, љубомора и пакост, но резултатите велат поинаку“, изјави Цеца а Блиц, непосредно пред финалето во кое победи шармантниот пејач од Македонија, Никола Станишиќ.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Пејачката со овој одговор им стави крај на шпекулациите дека и таа по Драган Стојковиќ Босанац, Марија Шерифовиќ и нејзината кума Вики Миљковиќ, ќе го напушти популарното шоу.
Инстаграм
Впрочем и претходно се знаеше дека пејачката потпишала договор кој трае до финалето во 2027 година, а за тоа „дебело“ е платена.
Инстаграм
Како што пишуваа тогаш медиумите, Цеца наводно на почетокот седела во жирито за околу 200.000 евра по сезона.
Но од минатата година, хонорарот наводно и се зголемил за 30 %, а сето тоа заради клаузулата во истиот.
Имено, во договорот помеѓу „Гранд“ и Цеца стоела клаузула во која пишувало дека доколку шоуто го надмине очекуваното, Цеца ќе добива 30 % повеќе од договореното, односно околу 260.000 евра, наместо 200.000, што значи дека само до крајот на договорот, Цеца ќе заработи повеќе од 500.000 евра.
Овие информации своевремено ги објави српскиот портал Мондо, додавајќи дека Цеца е во „Гранд“ од септември 2021 година.