По тажната вест, на Гавазова и се оствари желбата – фолкерката се огласи, па и Бог го спомна
„Фала му на Господ, еве тргнавме на пат“
Пејачката Сузана Гавазова сепак замина за Америка, па пресреќна што доби виза се огласи на социјалните мрежи.
Откако пред само неколку дена мораше да ги откаже своите новогодишни настапи во Америка затоа што и доцнеше визата, познатата фолк-пејачката повторно се огласи на социјалните мрежи, но овој пат од аеродромот во Скопје, и тоа со убави вести.
Имено, таа сепак доби виза, па замина „преку барата“ каде ќе се дружи со нашите иселеници, иако не испадна сé според планираното.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Таа од скопскиот аеродром ги поздрави нашите во Америка и соопшти дека нејзината новогодишна желба конечно и се остварила.
„Фала му на Господ, еве тргнавме на пат“, вели таа и додава дека првиот настап ќе биде вечерва, во црквата Свети Никола во Њу Џерси, каде фолкерката ги покани сите да дојдат и да уживаат во македонска музика.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Потсетуваме, Гавазова само неколку дена претходно се огласи и со грутка во грлото соопшти дека не добила виза.
„Навистина ми е жал што се случи ова, се радував како мало дете што новата година ќе ја дочекам со мои луѓе кои ја сакаат мојата музика и знам дека салата е преполна, знаејќи дека јас ќе пеам и тоа многу го почитувам. Црквата Свети Никола дадоа сé од себе, исто така и ние, од овде да дојдеме, но едноставно се случи нешто што сега никој не може да го објасни“, изјави тогаш пејачката која сепак доби виза и со својата екипа замина за Америка.
Како Гавазова си помина за Нова година, погледнете во продолжение…