По смртта на Поповиќ ништо не е исто – што се случува со најгледаното шоу на Балканот, „Ѕвездите на Гранд“?
Популарното шоу е десеткувано, големи ѕвезди што беа дел од него си заминаа и следната сезона нема да ги гледаме, иако од продукцијата зборуваа поинаку...

Овие вести ги изненадија сите
Големи промени во „Ѕвездите на Гранд“ сепак се случуваат иако тие по смртта на Саша Поповиќ го тврдеа спротивното.
Имено, од продукцијата тогаш велеа дека и покрај заминувањето на првиот човек на „Гранд“ шоуто нема да претрпи никакви промени, но последните случувања откриваат дека тоа и не е баш така.
Најпрво големо изненадување беше кога Марија Шерифовиќ по финалето соопшти дека повеќе нема да биде дел од жирито.
Принтскрин/ Јутуб
Потоа следуваше и заминувањето на Драган Стојковиќ Босанац и на крај и на самата Вики Миљковиќ, кумата на Цеца Ражнатовиќ.
И додека Шерифовиќ соопшти дека заминува за да му се посвети на својот син, Босанац и Вики направија трансфер во старо-новото шоу на Пинк, што беше изненадување за сите што го следат овој формат.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Старата постава, без Цеца…
Сето ова укажува на фактот дека „Ѕвездите на Гранд“ сепак трпат последици по заминувањето на Поповиќ кој почина од рак.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Дара го потшишува договорот со „Гранд“
Големо изненадување беше и потпишувањето договор со Дара Бубамара која од септември ќе биде член на жирито.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Но дали Дара и Цеца, која има договор со Гранд барем за уште две години, како и останатите членови ќе успеат да го одржат шоуто на прво место по гледаност, останува за неколку недели да дознаеме.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Во секој случај овој септември ќе биде интересен, посебно откако првиот човек на Пинк откри детали со „Пинковите ѕвезди“.
Од она што досега е познато, покрај Десингерица, Босанац и Зорица Брунцлик, на црвените столчиња седнува и Вики.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Овие информации ги потврди и Светлана Цеца Ражнатовиќ, која за Телеграф откри дека нејзината кума Вики ќе биде дел од „Пинковите ѕвезди“, а таа останува во „Ѕвездите на Гранд“ барем уште две години, колку што има потпишано договор со оваа продукција.
„Имам уште две години договор со ‘Ѕвездите на Гранд’ и мошне сум задоволна со нашата соработка. Не постои ниту една причина моето останување да се доведе во прашање“, изјави Цеца за српскиот Телеграф.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Потсетуваме, во последната сезона од „Ѕвездите на Гранд“ победи пејачот од Македонија, Никола Станишиќ.
Тој победи благодарение на СМС гласовите од публиката што доволно зборува за тоа колку ова шоу е гледано во Македонија.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Но дали така ќе биде и од септември или можеби „Пинковите ѕвезди“ ќе им ја одземат популарноста, останува да видиме наскоро. Тоа секако ќе зависи и од кандидатите што ќе се пријават во самото шоу, но секако најмногу од жирито и од тоа како тие ќе бидат прифатени од публиката.
Во секој случај, гледачите ги очекува интересна есен, а на неколку детали од последното финале, потсетете се тука.