NEWSВести

ПО СКАНДАЛОЗНОТО ВИДЕО како „шмрка кокаин“, д-р Кузмановски ќе добие лиценца за работа ако помине тримесечна обука под водство на ментор

Advertisement

Д-р Игор Кузмановски, поранешниот директор на Клиниката за неврологија, кој беше разрешен откако на социјалните мрежи стана вирално видео на кое се гледа како меша бела прашкаста материја, ќе добие лиценца за работа ако помине тримесечна специјализирана обука под директно водство на ментор, одлучиле членовите на Комисијата за етички и правни прашања при Лекарската комора.

„По завршувањето на обуката, докторот ќе подлежи на испит за детална проверка на стручните знаења и способности. Имајќи во предвид дека Законот за здравствена заштита прецизно ги утврдува условите за издавање, обновување, продолжување и одземање на лиценците за работа, а во моментов не постои судска пресуда или друг правен акт кој би условил одбивање на барањето за одземање на лиценцата, Комората ја користи законската можност да наметне засилен механизам на контрола и едукација“, наведено е во соопштението од Лекарска комора.

Advertisement

Оттаму информираат дека паралелно со ова, во Комората во тек била и сеопфатна процедура поврзана со неговото етичко однесување како доктор.

„Комората даде јавна и остра морална осуда за однесувањето на докторот, јасно ставајќи до знаење дека со своето однесување тој ги крши етичките принципи и го нарушува интегритетот и угледот на лекарската професија. За да се донесе конечна, издржана и најправедна одлука, Комората ги очекува извештаите на комисиите формирани од Министерството за здравство и Универзитетската клиника за неврологија, кои треба да дадат поширока претстава за професионалниот лик и стручната способност на докторот во целина. Конечната одлука на Комората ќе биде донесена по темелна анализа на сите прибрани докази и извештаи“, се вели во соопштението.

Министерот за здравство Азир Алиу на 10 октомври го разреши д-р Кузмановски, откако на социјалните мрежи се појави видео во кое Кузмановски во домашна атмосфера меша бела прашкаста материја во чинија. Кузмановски бше назначен за в.д. директор на Неврологија како кадровско решение на ВМРО ДПМНЕ. Кузмановски ја потврди автентнчноста на водеото и се извини за постапката.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button