Наши ѕвезди

По скандалот со Вики Миљковиќ и младиот фолкер од Македонија се огласи уште една позната пејачка

Ваква драма нема ни во турските серии

Advertisement

Голем скандал непосредно пред финалето

Не стивнуваат реакциите по големата драма што се случи, а во која член на жирито во „Ѕвездите на Гранд“ беше обвинет за мито.

Advertisement

Имено, поранешниот натпреварувач Александар Темелков, во емисијата на Давид Давидоски, ја обвини неговата некогашна менторка Вики Миљковиќ дека му барала мито.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Како што изјави тој во емисијата, Вики наводно му побарала 20.000 евра за да остане да се натпреварува во шоуто.

Advertisement

И откако Темелков не и ги дал парите, во следниот круг не доби ниту еден глас, по што демонстративно го напушти шоуто.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Оваа вест дека Вики му барала мито одекна како бомба во јавноста, по што се огласи и популарната пејачка.

Таа од Темелков побара јавно извинување, а на социјалните мрежи ја објави и опомената пред тужба напишана од адвокат.

Принтскрин/ Инстаграм

Како што пишуваше и во самата опомена, доколку Темелков не ги повлече своите изјави и не се извини, Вики ќе биде приморана правдата да ја бара преку судските органи, а ќе бара и 200.000 оштета.

По нејзината реакција се огласија од продукцијата на Гранд и целосно застанаа зад барањата на Вики и соопштија дека ќе ја поддржат во сите понатамошни чекори што планира да ги преземе како вистината би излегла на виделина. Случајот предизвика бројни коментари и на социјалните мрежи, а Вики доби поддршка и од Никола Станишиќ (повеќе за ова прочитајте тука), единситениот финалист од Македонјија за оваа година во популарното музичко шоу.

Принтскрин/ Инстаграм

Покрај Никола, реагираше и колешката на Вики, Снежана Ѓуришиќ која пред неколку години помина низ истата ситуација.

Таа тогаш од еден учесник во шоуто и од неговата мајка беше обвинета дека барала мито за да помине во следниот круг.

И како што откри Снежана во својата реакција, таа веќе две години чека покана од судот, потсетувајќи ги сите на нејзиниот случај.

Принтскрин/ Инстаграм

Експресно извинување

По големиот скандал што се случи во врска со неговата изјава, се огласи и младиот пејач Александар Темелков.

Откако неговата поранешна менторка побара тој јавно да ѝ се извини или, во спротивно, да завршат во судница, најпрво се огласи Давид Давидовски, кој се извини, но и се огради од случајот, истакнувајќи дека спорниот дел од емисијата ќе биде избришан.

Принтскрин/ Инстаграм

Потоа со видео се обрати и самиот Александар Темелков кој се правдаше дека бил погрешно разбран и дека за неговата поранешна менторка никогаш не кажал ништо лошо, ниту пак за Ѕвездите на Гранд.

Повеќе за ова прочитајте тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button