По скандалот со Лукас уапсена и поранешната победничка од Ѕвездите на Гранд – во петок се враќа во Скопје?!
„Македонија е земја што многу ја сакам и секогаш сакам да се враќам. Исто ќе биде и сега, бидејќи веќе се дружиме во петок во Скопје!“ изјави младата босанскапејачка Џејла Рамовиќ по нејзиното апсење во Македонија.

Познатата пејачка настапувала без работна дозвола!
Во Македонија беше приведена познатата пејачка Џејла Рамовиќ, некогашна победничка во „Ѕвездите на Гранд“.
Џејла задно со членовите на нејзиниот бенд била уапсена откако било утврдено дека настапуваат без работна дозвола.

Инстаграм/ Џејла Рамовиќ
При засилена контрола на угостителските објекти на магистралниот пат Кичево-Охрид, спроведена ноќта помеѓу 29 и 30 ноември, полициските службеници влегле во објектот во кој таа вечер настапувала Џејла. Покрај пејачката Џејла Рампвиќ (23) без работна дозвола била и членовите на нејзиниот бенд К. Џ, (27), Е.П (25), Ф.Ј. (28) и И.К (24).
Предметот е пријавен во Основниот суд Кичево, а против уметниците ќе биде поднесена кривична пријава, пишува newz24live.com.

Инстаграм/ Џејла Рамовиќ
Потсетуваме, неодамна беше уапсен и познатиот фолк-пејач Аца Лукас, за кој исто така беше утврдено дека нема работна дозвола.
И неговиот концерт во Кавадарци беше прекинат и тој беше однесен во полиција, а од судот му беше изречена казна.
По скандалот се огласи и Христијан Мицкоски, кој истакна декана овој случај не треба да му се посветува многу внимание.
„Законите се јасни, правилата се јасни, сите мора да ги почитуваат“, изјави тогаш премиерот Мицкоски. На прес-конференцијата тој исто така додаде и дека строго и внимателно ќе го следат однесувањето на овој вид на забавни уметници и нивни менаџери, што неколку дена подоцна се покажа како точно, по новиот случај со босанската пејачка.

Инстаграм/ Џејла Рамовиќ
По инцидентот се огласи и Џејла
По овој несреќен настан, пејачката се огласи и објасни во каква ситуација се нашла, пренесе порталот „К1инфо.рс“.
„Сакам да нагласам дека од моја страна и од страна на мојот бенд, сите потребни документи и дозволи за настапот во Кичево беа правилно подготвени и доставени до организаторот, со целосната постапка што редовно ја следиме кога доаѓаме во Македонија. Организаторот нè увери дека ги добил сите преостанати дозволи за настапот во согласност со договорот што го имаме. И покрај ова, настапот беше прекинат неколку минути пред крајот, наводно поради недостаток на работни дозволи, иако нашата документација беше целосно во ред. Жал ми е за непријатностите што ги доживеаја сите што дојдоа на мојот настап. Ситуацијата се појави од причини на кои не можев да влијаам на никаков начин, ниту пак е вина на мојот тим и мене!“
„Македонија е земја што многу ја сакам и секогаш сакам да се враќам. Исто ќе биде и сега, бидејќи веќе се дружиме во петок во Скопје!“ изјави Џејла Рамовиќ по нејзиното апсење во Македонија.




