По скандалот со бугарското знаме, Цеца повторно шокираше – овој пат ги навреди животните?!
Бурни реакции по една изјава на пејачката

Пејачката Цеца го разбесни Балканот
Балканската фолк-кралица Светлана Цеца Ражнатовиќ предизвика бура од реакции со една нејзина изјава во медиумите.
Имено, пејачката неодамна во една емисија изјави нешто во стилот: „Најлошо е кога лајат џукелите, за нив постојат шинтери“.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
По оваа нејзина изјава која стана вирална на социјалните мрежи Цеца се соочи со голем број хејт коментари.
Пејачката многумина ја осудија и ја критикуваа за речникот тврдејќи дека е неприкладен за една позната личност.

Принтскрин
„Што да oчекуваш кога синот и штанца азијати, држи волци во боксови и носи кучиња на борба?“, „За такви изјави треба да постои одговорност, ова е за затвор“, „Ова е говор на омраза, нека и е срам“, се само некои од овие негативни реакции, пренесува српскиот портал Курир.рс.

Принтскрин

Принтскрин
Потсетуваме, Цеца на концертот кој се одржа ма 31 октомври во Велес направи инцидент кога од публиката доби бугарско знаме.

Принтскрин
Како што подоцна откри Никол Станишиќ, пејачот кој беше во тимот на Цеца кога победи во „Ѕвездите на Гранд“, знамето Цеца го добила од една нејзина обожавателка, која оди на сите нејзини концерти.

Принтскрин/ ТикТок
Оваа нејзина реакција предизвика да биде исвиркана од публиката, па знамето веднаш беше тргнато, а Цеца реагираше збунето.
Но веќе беше предоцна, грешката веќе беше направена, па снимките што се појавија на социјалните мрежи, а на кои се гледа како Цеца го бакнува бугарското знаме, предизвикаа најразлични реакции.
Пејачката по скандалот се огласи и истакна дека немала намера никого да навреди, посебно не домаќините.



