Наши ѕвезди

По скандалот со Аца Лукас се огласи и градоначалникот Митко Јанчев: Кочани сценарио нема да дозволиме!

„Безбедноста е прва!“, вели градоначалникот, пренесе КТВ

Advertisement

Не стивнуваат реакциите по скандалот што се случи со пејачот Аца Лукас кога беше прекинат неговиот концерт во Кавадарци.

Тој беше приведен од страна на полицијата, а според официјалното соопштение од страна на Министерството за внатрешни работи, Лукас во ресторанот во Кавадарци настапувал без потребна дозвола.

Advertisement

Од овие причини околу 00.10 часот концертот на Аца Лукас беше прекинат и пејачот беше однесен во судот во Кавадарци, каде по скратена постапка, бидејќи е странец, му беше изречена парична казна.

ТикТок/ Аца Лукас

Кога се случи инцидентот, на социјалните мрежи се огласи и менаџерот на пејачот со скандалозно обвинување.

Повеќе за ова прочитајте тука >>

На социјалните мрежи се појавија и снимки на кои се гледа како го приведуваат Аца Лукас пред локалот во кој настапуваше.

Од она што можеше да се види на снимката, гостите беа излезени од локалот и збунето гледаа што се случува, додека српската фолк-ѕвезда заедно со припадниците на полицијата замина кон станицата.

Во текот на вчерашниот ден се огласи и МВР во врска со апсењето на Лукас, и беше соопштено дека пејачот настапувал без потребната дозвола, по што му била изречена и парична казна.

Принтскрин/ Јутуб, Прва ТВ

При контролата во истиот угостителски објект биле констатирани и прекршоци за неиздавање на фискална сметка и прекршување на Законот за пушење.

Констатирано било и дека во објектот се присутни поголем број на гости од дозволеното, за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Инстаграм/ Р. Навали

Се огласи и градначалникот на Квадрци

Како што пренесе кавадаречката КТВ, настапот на српската ѕвезда Аца Лукас во Кавадарци бил прекинат поради сериозни безбедносни пропусти, непријавен ангажман и прекршување на правилата за работа на локалот. Ова за телевизијата го потврди и градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, додавајќи дека нема да дозволи Кочани сценарио во неговиот град и дека безбедноста треба секогаш да е на прво место.

Градоначалникот Јанчев објасни дека организаторите однапред поднеле барање до Општина Кавадарци за поставување урбана опрема и проширување на просторот за концерт, но барањето било одбиено поради проценка дека условите се небезбедни.

Принтскрин ТикТок, А. Лукас

– Беше побарано од Општина Кавадарци дозвола за поставување опрема за настанот на Аца Лукас. Комисијата утврди дека нема услови за тоа, поради безбедносни причини. На 14.11 барањето беше одбиено, а сопственикот беше писмено и усно информиран – изјавил Јанчев, пренесе КТВ во својата објава на Фесбук.

Како што пренесува овој медиуми, локалот во кој што настапувал Лукас имал капацитет од 200 гости, а внатре биле затекнати дури 700 лица.

– Не смееме да дозволиме да се повтори трагедија како онаа во Кочани. Локали пренатрупани со гости, без почитување на безбедносните мерки, тоа во Кавадарци нема да помине – изјави градоначалникот на Кавадарци, пишува КТВ

Јанчев напомена и дека ангажманот на самиот изведувач не бил пријавен ниту во Агенцијата за вработување, ниту во Министерството за труд, што претставува дополнителен прекршок.

Инаку, по скандалот се огласи и Аца Лукас, прашувајќи зошто воопшто било дозволено настапот да се одржи, иако истиот не бил пријавен.

Повеќе за ова прочитајте тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button