По скандалите во Македонија и Босна, Аца Лукас понуди бесплатно да пее за Нова година – „пуштете нè луѓе да живееме нормално“
Аца Лукас понуди да пее бесплатно на дочекот на Нова година во Сараево, а парите да одат за хуманитарни цели.

Српскиот пејач Аца Лукас денеска официјално понуди да настапи целосно бесплатно на јавниот дочек на Нова година на плоштадот во Сараево, под еден единствен услов- ниту тој ниту неговиот тим да земат ниту денар, а целиот буџет што Градот би го одвоил за неговиот настап да се донира во хуманитарни цели.
„Јас сум за, но најискрено само ако сите знаат и бидат сигурни дека за Новата година во Сараево нема да земеме ниту една марка. Тоа го понудив и пред години и го повторувам и сега“, изјави Аца за Фејс телевизија.

Тој додаде дека за него нема финансиска сума што би била пресудна да пее во Сараево, туку дека му е вистинска желба да пее пред сараевската публика:
„Знам од кои страни ќе дојдат луѓето да слушаат, знам дека нема да има ниту еден поглед на омраза, ниту лошо расположение. Сакам конечно да им покажеме на тие што постојано не делат и сакаат да живееме разделени дека се минато, дека се ретро.
Пуштете нè луѓе да живееме нормално. Мене пуштете ме да пеам, тоа најдобро го знам“, порача Лукас.
На крајот нагласи дека целиот износ што Град Сараево би го предвидел за неговиот настап треба да се пренасочи кон оние на кои им е најпотребно.
Ваквиот одговор на Аца Лукас доаѓа откако му беше откажан концертот на Јахорина поради тоа што во јавноста „исплива“ една фотографија на која тој седи со Насер Ориќ, кој според странските медиумие, е поранешен воен командант од регионот Сребреница кој во Србија се бара со потерница за извршени воени злосторства над Србите.

На Инстаграм профилот на Олимпискиот центар Јахорина веднаш се појави соопштение дека на пејачот му е откажан концертот.
Потсетуваме, на крајот на ноември 2025 година, Аца Лукас беше приведен во Кавадарци од страна на македонската полиција за време на настап во локален угостителски објект. Причината била што пејачот настапувал без работна дозвола, што е прекршок според локалните закони. Менџерот на Лукас потоа изјави дека станува збор за недоразбирање и дека се е решено. Ова предизвика голем скандал во медиумите, со критики за организацијата на настанот и за тоа што познат пејач не обезбедил дозвола.
По скандалот, се огласи Лукас и најави голем хуманитарен концерт во Скопје, акцентирајќи дека парите ќе одат во Кочани.




