MAMAДом и семејствоНега и здравје
COVER STORY

По секоја Томатис терапија моето дете е сè подобро – искуството на Анабела Димоска, мајка на дете со аутизам

Белгискиот центар „Атлантис“ нуди надеж за деца со аутизам, а стотина македонски семејства, како она на Анабела Димоска, веќе гледаат видливи резултати.

Advertisement

Томатис терапијата, развиена од францускиот доктор Алфред Томатис, е аудиопсихофоничен метод кој преку специјално дизајнирани фреквенции и звуци влијае врз мозокот, слушањето, концентрацијата, говорниот развој и емоционалната рамнотежа. Се применува кај лица со аутизам, говорни потешкотии, хиперактивност и нарушувања во однесувањето, а во Белгија се практикува веќе со децении.

Белгискиот центар „Атлантис“ важи за еден од најреномираните во Европа, каде доаѓаат семејства од целиот свет, вклучувајќи и од Македонија. Меѓу нив е и Анабела Димоска, мајка на дете со аутизам, која во ова искрено интервју зборува за причините поради кои ја избрала оваа терапија, за промените што ги забележала кај својот син и за предизвиците со кои се соочуваат родителите на деца со аутизам во нашето општество.

Advertisement
фото-приватна архива

Како и кога првпат дознавте за Томатис терапијата и што ве мотивираше да ѝ дадете шанса токму неа за вашето дете?

– Првпат за Томатис терапијата во „Атлантис“, центарот во Белгија, дознав преку ќерка на поранешна колешка која живее и работи во Германија и која била на оваа терапија со своето детенце.

Пред да закажам за третмани малку истражував на Интернет за Центарот и за методот, но се распрашував и преку пријатели кои живеат со години во Белгија. Слушнав многу позтивини и успешни приказни од деца со различна попречност и на различна возраст, па затоа одлучивме да одиме во Белгија и да ја пробаме терапијата.  И до ден-денес можам да кажам дека е еден од најдобрите избори кои ги имаме направено.

Може ли да ни опишете како изгледа еден типичен ден на терапија во Белгија и како вашето дете реагира на третманите?

Типичен ден на терпаија во Белгија изгледа вака: Постојат две групи, прва група од 8.30 часот и втора група од 10 часот. Мојот син оди во првата група бидејќи станува рано.

Advertisement

Терпаиите се од 8.30 до 10 часот, потоа следува час и пол пауза, па се продолжува од 11.30 до 13.00 часот, потоа повторно следува час и пол пауза, и повторно терапија од 14.30 до 16 часот.

За време на терапиите детето слуша френфенциите преку слушалки кои се направени како индивиална специјализирана програма која ја спроведуваат искусни терапевти во Центарот, со над 20 годишно работно искуство. Исто така, се препорачуваат и дополнителни терапии како што се Гигер, бал а викс и елетрично коњче кои може бесплатно да ги користите во текот на терапиите, по еднаш или двапати на ден.

За време на терапиите детето слуша, или само со терпаевти, или пак во група со други деца, а присутен е  и еден родител. Може да биде и сам во собата со родител. Додека траат сесиите, детето не смее да јаде храна, да пие и да користи електронски уреди како што се, на пример, таблет, телефон и слично.

Додека трае терапијата, детето може да спие или да работи – најчесто со сложувалки, коцки, боење и слични активности кои се достапни бесплатно во Центарот.

Помеѓу сесиите детето може да шета, да јаде, да игра во игротека која е во составот на Центарот, и е бесплатна, или да одмора. Не се препорачува возење над 50 километри, а ако е неопходно, во тој случај треба минимум да се направи пауза од 1 час.  Истото важи и за користење електронски уреди како телевизор, телефон, таблет.

Дали забележавте конкретни промени или напредок кај вашето дете откако ја започнавте Томатис терапијата, и ако да – во кои области најмногу?

– Забележавме многу позитивни птромени после секое одење во Белгија. Најпрво се забележува позитивна промена во моториката, како и на однесувањето, па на крајот и во говорот. Можам да кажам дека после една година мојот син е како ново дете. Почна со промена во однесувањето, поконцетриран е, пофокусиран, повеќе разбира, извршува по пет „наредби“ истовремено кога ќе му ги зададеш, има нови зборови, повторува зборови, спојува неколку нови реченици, но, за жал, треба уште.

Не може да се очекува дека со едно одење во Белгија и практикување на Томатис-терпија детето ќе почне да чита и да раскажува книги, но со упорност, како и со дополнителна работа со дефектолог, логопед и супламенти, со Томатис може да се напредне многу на секое поле.

На пример, после еден третман покажува подобрен фокус, концетрација, смиреност, намалена хиперактивност. После вториот третман – кажува нов збор, подобрена му е моториката, повеќе разбира кога му се зборува. После трет третман – извршува по две наредби, знае нови зборови, има поголем фокус и концетрација, повеќе соработува со стручни лица и дома. Првпат после десет години го прославивме роденденот во игротека без напади, со повеќе дружење со други деца и со поголема социјализација и интеракција.

После четвртиот третман почна да се интересира за нови работи, спои една реченица за да искаже нешто што сака, прави работи кои претходно никогаш не ги правел сам, посамостоен е, му се намали за над 50 проценти стапалото при одење.

Пред да ја практикуваме Томатис-терапијата, мојот син дома едвај со молење можеше да работи од 15-20 минути дневно, но после петтиот Томатис третман, може да работи од 2 часа – до врвот 4 часа и 48 минути без да стане од маса. Зборувам за активности како боење, редење коцки, лепење стикери, сложувалки, пишување…

После шестиот третман, мојот син спои нова реченица, покажа поголем фокус и концетрација, повеќе разбира, седи на едно место, на пример, во Зооошка во кафе-барот останавме 40 минути и си пиеше сокче, а и повеќе слуша наредби.

После седмиот третман, почна да повторува зборови на логопед, посвесен е за себе и за околината , внимава кога поминуваме улица, гледа во семафорите, гледа дека автомобилите застануваат, собира и одзема до 20.

После 8-от третман, игра со таблет, множи и дели до 20, пишува сам зборови со четири букви, сака да се бања во базен, кажа четири нови реченици, разбира по четири наредби истовремено и истите ги извршува веднаш.

фото-приватна архива

Колку чинат ваквите терапии и со каква фрекфенција е неопходно да се посетуваат третманите во Белгија?

– Самите третмани не се скапи. На пример, половина час е 9.5 евра, а после 150 ислушани часови цената се намалува на 7.5 евра. Но, многу поскапо нѐ чинат, на пример, авионските билети до Брисел, Шарлоа, превозот до Центарот и престојот таму.

На пример, првиот пат би ве чинел од 3000 до 5000 евра, во зависност од тоа колку лица ќе одите, каде ќе престојувате и по која цена ќе ги купите авионските билети. Вториот и третиот пат би ве чинел од 2000 до 2500 евра, повторно во зависност од тоа колку лица ќе одите, каде ќе се сместите и која цена ви се авионските билети. По третиот пат, од 1500 до 2000 евра, и тн.

Најидеална оддалеченост меѓу терапиите е од 6 до 10 недели и во тие недели треба да одите на терапии пет или шест дена.

Со какви предизвици се соочувате како родител на дете со аутизам во Македонија?

Секојдневно се соочуваме со многу предизвици. Од инклузија на хартија, неприфатеност од средината и од родителите, како и од врсниците на детето до големо осудување, коментари, превртување со очи од случајни минувачи…Понатаму, немање на услуги – центри, логопеди, дефектолози, спорт, коњи и слично.
Немање на слух од креторите на политиките, односно од фукнционерите, за состојбата на децата и за работите кои треба да се направат.

Понатаму, недостаток на лични асистенти во домот за деца со аутизам, отсуство на услуги после 18 години, односно можности за студии, работа, лични асистенти, логопеди и дефектолози. Тоа е само на хартија, а во пракса е сосема друга работа. Потоа, неитегрираност на овие деца во нашето општество, но и немање решение што после нашата смрт, кој ќе се грижи за нашите деца?

Секаде во светот, во сите земји на ЕУ, децата и лицата со попречност се први во правата кои не важат само на хартија, туку и во реалноста, само кај нас се последни.

Што би им порачале на другите родители кои се двоумат дали ваков вид на терапија е вреден обид?

Во мометов одиме над 100 семејства во Белгија и кај сите деца има невидени резултати што не можевме да ги добиеме со години во нашата држава, за жал. Од сѐ срце би ја препорачала оваа терапија зашто има ефекти кај сите возрасти и кај сите попречености.

Да, напорно е, бидејќи се оди многу пати и бидејќи чини многу, но на крајот се исплати и трудот и вложените средства. Колку што е детето помало, тоа треба да оди помалу пати и има поголеми резултати. Во „Атлантис“ центарот доаѓаат од цела Европа, но и од други земји, од Кина, Америка, Русија…

Инаку, од сите стотина семејства кои го посетуваат Центарот во Белгија, само со една жена се знаев лично, додека останатите отидоа во Центарот после моите коментари за успехот на мојот син кои несебично ги споделувам по Фејсбук групите наменети за родители на деца со попречност. На крајот отворивме три Фејсбук групи кои се наменети за родителите кои одиме во „Атлантис“ центарот, во кои споделуваме искуства и успешни приказни, но и одговараме на прашања на други родители кои се подготвуваат по првпат да ја искусат Томатис-терапијата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button