По седум години го нашла синот каде што го оставила – исповед на жена која поминала низ пекол отакако била „спасена“ од улица
„Морав да го прославувам роденденот на едното дете и да тагувам за животот на другото. Тоа ме скрши.“

Крис Смит не пораснала во топол дом со своите родители, туку од најрана возраст преминувала од една во друга згрижувачка (фостер) фамилија. Бидејќи во ниту една не нашла љубов и разбирање, туку постојано била злоставувана, на 14 години побегнала на улица. Просела, спиела каде што ќе стигнела, а потоа следувале и токсични љубовни врски. На 17 години го родила својот син Метју.
Откако тој се родил, се вселила кај маж со проблеми со алкохол. И покрај постојаните конфликти, се обидувала да ја зачува својата мала фамилија.
Потоа повторно останала бремена, но нејзината ќерка починала само неколку дена по раѓањето. Погребот се случил на третиот роденден на Метју. За Крис тоа било премногу:
„Морав да го прославувам роденденот на едното дете и да тагувам за животот на другото. Тоа ме скрши.“
Таа трагедија ѝ ги отворила очите, но и ѝ го скршила срцето. Сфатила дека не може да му обезбеди нормален живот на својот син. Затоа одлучила да го даде на посвојување. Тој имал 3 и пол години, а таа 21. Сметала дека тоа е правилна одлука.
Во тој период се разделила и од својот партнер. Следните седум години биле немирни за неа: немала јасна цел и не можела да си го најде местото во светот. Често била без покрив над глава и очајна.
Но, еден ден сè се сменило. Влегла во ресторан и собрала храброст да побара работа. Газдата видел нешто во неа и ѝ дал шанса. Сѐ ѝ се променило – добила работа, покрив над глава и полека го средувала својот живот.
Набргу потоа запознала нов маж, Џо, кој се однесувал со неа со почит. До тогаш имала само лоши искуства, па ова било нешто сосема ново – открила што значи вистинска љубов!
Крис и Џо се венчале. А нејзиното дете? Размислувала за него цело време. Конечно, Џо ја охрабрил да се обрати до социјалните служби и да праша за својот син, пишува „Нови живот“.
Она што го дознала ја шокирало – не било ни приближно тоа што го очекувала. Во сите тие 7 години откако го оставила, никој не го посвоил. Сите тие години, додека таа плачела над неговата фотографија, тој бил во институција – на истото место каде што го оставила.
Заминала таму и следело длабоко емотивно искуство за сите присутни. Социјалните работници ретко гледаат вакви случаи. Сега, кога била сосема стабилна, можела да му понуди нормален живот на својот син.
Крис не можела да поверува дека повторно е покрај него, дека го држи во прегратка и дека не го загубила засекогаш. Секој ден мислела на него, убедена дека му прави добро со тоа што го дала, но мајчинската љубов била посилна од сè…