По Саша Поповиќ, почина уште еден познат член на „Слатки грех“ – естрадата се простува од саканиот музичар
Тажна вест од музичкиот свет.

Легендарниот југословенски бенд „Слатки грех“, во кој некогаш членуваше и Лепа Брена, остана без својот клавијатурист.
Ненадејно почина Љубиша Марковиќ – Френки, еден од препознатливите членови на групата.

Веста за неговата смрт беше објавена на официјалните страници на „Слатки грех“ на Инстаграм и Фејсбук.
„Нека ти е лесна земјата и почивај во мир, драг наш Френки. Твој ‘Слатки грех’“, стои во објавата на бендот.
Од Френки се прости и сопругата на Зоран Зоки Раданов, кларинетист и пратечки вокал на групата, која на социјалните мрежи напиша емотивна порака во негова чест.
Бендот „Слатки грех“ настана во 1977 година од составот „Лира шоу“, а со доаѓањето на Лепа Брена во 1982 година го промени името во денес познатиот „Слатки грех“.
Од оригиналната постава денес останаа Живоин Матиќ Жиле (гитарист) и Зоран Зоки Раданов (кларинет и пратечки вокал).
Потсетуваме дека Поповиќ остана во одлични релации до Френки иако и двајцата тргнаа по различни музички патеки. Поповиќ се прослави и како продуцент, соработувајќи со Брена, додека „Слатки грех“ продолжија да настапуваат под истотот име.
Вистинско изненадување за публиката беше кога во 2018 година, кога Брена одбележуваше 35 години успешна кариера, бендот се собра и настапи во живо во програмата на Саша кој, исто така, стана и им се придружи.
Пред единаесет години, групата „Слатки грех“ остана без својот саксофонист и харизматичен член Душан Трифунчевиќ познат како Лепи Бора, кој почина на 24 февруари 2014 година по долга и тешка болест.
Неколку години подоцна, на 23 мај 2020 година, почина и Бранислав Мијатовиќ – Мија, тапанарот на групата, исто така по долга и тешка болест.
По првичното распаѓање на „Слатки грех“, Мија заедно со својот кум, гитаристот Зоран, продолжил да настапува со бендот и да ја чува традицијата на една од најпопуларните групи во поранешна Југославија.


