Новости

По операцијата и трите стента – нови детали за здравствената состојба на Весна Змијанац

На Весна Змијанац поставени и се три стента, а сега еве во каква состојба е.

Advertisement

Популарната пејачка Весна Змијанац пред неколку дена беше примена во Ургентниот центар поради влошување на здравствената состојба.

Како што пренесуваат српските медиуми, таа успешно се опоравува и се очекува да биде пуштена од болница на почетокот на следната недела.

Advertisement

Весна секојдневно ја посетуваат пријатели и членови на семејството, а нејзината состојба од ден на ден е сè подобра.

– Весна е добро и наскоро би требало да ја пуштат дома. Се надеваме на почетокот на следната недела. Ја посетуваат пријатели и семејството, а Николија е секој ден покрај неа, изјави извор близок до пејачката за српски Мондо.

Пред неколку дена Весна имала интервенција при која ѝ била извршена реваскуларизација на артерија, а постапката била спроведена поради итноста на нејзината состојба. Според изворите, пејачката имала сериозно стеснување, односно затнување на еден од најважните крвни садови на срцето – главното стебло на левата коронарна артерија.

Со оваа интервенција е вратен протокот на крв, со што се спречува инфаркт и се подобрува работата на срцето. Поставувањето на три стента укажува дека стеснувањето било подолго или присутно на повеќе места.

Колегите од естрадата ѝ даваат голема поддршка на Весна, а се огласи и Шемса Сулјаковиќ, која на својот Фејсбук-профил објави фотографија од Весна и ѝ посака брзо закрепнување.

„Драга Весна, ти посакувам брзо и успешно закрепнување. Се надеваме дека наскоро повторно ќе те видиме на сцената, таму каде што ти е местото“, напиша Шемса, со емотикони срца и бакнежи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button