По Миле Кузмановски преубава вест и од Спасен Сиљаноски – пристигнуваат честитки, сите во исчекување
Пејачот на социјалните мрежи објави дел од новата песна која наскоро ќе ја објави

Ќе ги израдува своите фанови со нова песна
Познатиот фолк-пејач Спасен Сиљаноски на социјалните мрежи сподели вест со која ги израдува своите верни обожаватели.
Имено Спасен откри дека утре, на 16 јули, ќе ја пушти својата нова песна која сега сите со нетрпение ја очекуваат.
Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
По неговиот голем хит „Ќе ти дојдам вечер“, која иако е снимена пред неколку години, се уште се пее и слуша на сите страни, Спасен сега ќе го видиме во најново издание, но повторно во негов стил.
Имено, Спасен ќе ја препее познатата народна песна „Како што е таа чаша“, како дел од проектот „Македонијо, во срце те носиме“.
Како дел од овој проект пред само неколку дена излезе и песната „Се собрале комитите“ испеана од Миле Кузмановски.
Песната на Спасен ќе биде објавена утре, а како звучи незаменливиот Миле во своето ново остварување, слушнете во продолжение:
Потсетуваме, Спасен во последно време е поприлично активен на социјалните мрежи, а деновиве покажа како уживаше со семејството во Мостар и Дубровник, со својата сопруга и нивните деца.
Како изгледаше Спасен и во ова издание, откријте тука.