По Кочани ДНК требаше да настапат пред фановите во овие градови – концерти што никогаш нема да се случат

Трагедијата за смртта на 59 млади човечки животи, кои живи изгореа во дискотеката „Плус“ во Кочани ја потресе јавноста. Како еден лош сон се сруши животот во едно мало македонско градче каде што од вчера никогаш нема да биде исто. Радоста, смеата, светлината исчезнаа за миг. Денес во Кочани видовме празнина, тага, болка, бес, гнев, лутина…
Во стравотниот пожар животот го загубија малолетни лица и поголемиот број членови на бендот ДНК. Во пожарот животот го загуби музичарот Филип Стевковски, гитаристот Андреј Коларов, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, придружниот вокал Сара Пројковска, тонецот Игор Велков, бит-боксерот Мартин Атанасовски – Буцо и Александар Ефремов, фотограф на „ДНК“.
Смртта на пејачот Андреја Ѓорѓиески ја шокираше јавноста. Андреј кој си го ризикуваше животот, па откако излегол од дискотеката повторно се вратил, раскажуваат очевидци, за да успее да спаси уште некое дете. До последен здив ја покажа хуманоста којашто постојано ја покажуваше.
Свесен дека сите овие деца со нетрпение го чекале нивниот концерт, чувствувајќи морална одговорност дека тие се тука заради нив и дека животот им е во ризик направил се за да ги спаси да ги извади од огнот.
– За 500 денари си ја платија сопствената смрт – вели еден скршен татко кој го загуби сопствениот син во пожарот во Кочани.
ДНК со радост го очекувале нивниот настап во дискотеката „Пулс“, а за тоа сведочи и нивната објава како го најавиле пред фановите овој настап.
На официјалниот профил на ДНК можеме да видиме дека меѓу последните објави стои објавата како помогнале на семејство од наслебата Ѓорче Петров кои немале струја. Ова е само уште еден пример од многуте во коишто дуото помагаше.
ДНК се омилен бенд за многумина, нивната музика ја слушаат од најмали до највозрасни, во внатрешноста со душа ги чекаат нивните настапи, па така и овој долго најавуван концерт за во Кочани фановите го чекале со нетрпение. Покрај младите кочанчани на концертот присутни биле и гости од други градови. Ќе се потсетиме на нивниот голем концерт кога ја наполнија салата Борис Трајковски и во еден глас се пееја нивните песни во еден глас.
„Што сака нека биде“, „Ако утре ме нема“, „Горе или доле“, „Север и југ“, „Таа тоа го крие“ „Романи“, „Посреќна“, „Срце“ … се дел од богатиот репертоар којшто оваа дуо ѝ го остави на публиката.
Како што стои на објавата на инстаграм профилот на ДНК тие на 19 март в среда требаше да настапат Куманово, на 22 март в сабота во Кавадарци, а во недела на 29 март требаше да пеат пред струмичани.
За жал овие најавени концерти нема никогаш да се случат.