Убавата турска спорстка новинарка Сејхан Шашко откако направи интервју со Горан Пандев стана многу популарна во Македонија.
Дали го паметите нејзиниот разговор со нашиот фудбалер?Таа таму зборува на македонски јазик.
Тоа ги привлече очите на јавноста и потоа беше разоткриено дека убавата Сејхан има македонско потекло.
Таа е родена на 7 јануари 1989 година и тоа во Охрид. А деновиве е на одмор токму во нејзиниот роден град и оттаму споделува фотографии на инстагарам.
Нејзината радост се забележува до бескрај, таа изгледа мно среќно во балканскиот бисер.
Инаку, Сејхан во Охрид живеела до тригодишна возраст, а потоа со семејството се преселила во Истанбул поради професијата на нејзиниот татко. Своето образование го започнала во Истанбул, а била заинтересиранa за спорт од рана возраст, особено за тенис.
Својата телевизиска кариера ја започнала во ТРТ во 2009 година. Работела на неколку канали, а во моментов ја продолжува својата кариера во „beIN Sports Turkey“.
Таа игра тенис како аматер и свири и пијано.
Некое време се забавувала со поранешниот фудбалер и коментатор Тункај Шанли.
Во 2019 година започнала да се забавува со Ерсин Дору – новинар и фудбалски коментатор. Сејхан се омажи за него на 18 март 2021 годинa и имаат едно синче.
Доколку сакате да ја запознаете убавата Сејхан трк во Охрид по автограм.