По големиот скандал со митото исплива вистината за Вики Миљковиќ – пејачката сите ги изненади со ова
Купила луксузен стан за своите кандидати?!

Пејачката со овој потег ги воодушеви сите
Вики Миљковиќ уште еднаш покажа каква е и како човек и колку се грижи за своите кандидати од „Ѕвездите на Гранд“.
Имено, пејачката купила стан од 200.000 евра наменет за своите кандидати на кои ќе им биде ментор во популарното шоу.
Принтскрин
Како што објавија српските медиуми, Вики наводно го купила станот за младите пејачи од нејзиниот тим да имаат каде да престојуваат.
Многумина од нив не се од Белград и имаат проблем да најдат соодветно сместување, а станот е близу до нејзиниот дом.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Во прашање е стан од 70 метри квадратни и во секој момент во него можат да престојуваат најмалку пет лица.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Но таа досега немала повеќе од тројца кандидати во својот тим, така што во станот нема да биде гужва.
Инстаграм
Потсетуваме, Вики неодамна беше обвинета од страна на еден македонски пејач дека му барала мито во шоуто.
Станува збор за Александар Темелков кој последен пат во шоуто се појави пред неколку години, а неодамна во емисијата кај водителот Давид Давидовски изјави дека од менторката Вики Миљковиќ му биле побарани пари за да продолжи со натпреварот, а бидејќи не платил, следната емисија го завршил натпреварот.
Инстаграм
По ова обвинување се огласи Вики и јавно објави предупредување дека ќе го тужи пејачот за изречените невистини.
Откако скандалот исплива во медиумите, Темелков и се извини на пејачката, а повеќе за ова, прочитајте тука.