По две години борба, Миа Костова конечно го прегрна Лео – момчето за кое цела Македонија собираше пари и покажа што значи хуманост (фото)

Две години по големата донаторска акција што ја организираше за неговото лекување, Миа Костова денес конечно се сретна во живо со Леонид Индов, момчето за кое со срце се бореше кога му беше најтешко.
Тогаш, за помалку од два дена, благодарение на нејзината иницијатива и поддршката од бројни општествено одговорни копании, беа собрани 450.000 денари за лекувањето на Леонид по несреќата што ја доживеа во Грција.
Денес, во Скопје, двајцата се прегрнаа со насмевки што кажуваат повеќе од секоја реченица.
На Миа ѝ беше врачена статуетка, две раце што држат срце, симбол на благодарност и човечност. Таа со многу емоции ја сподели нивната заедничка фотографија и напиша:
-Една толку емотивна средба, а богами и таква лекција од ова дете … Инаку да, ве поздрави сите кои бевте со мене во идејата да му помогнеме кога беше најтешко. И успеваме во тоа! Сите да ја имаме енергијата на Лео … Лео Индов, те сакам, пишува Костова.
Со нивната средба, Миа и Леонид уште еднаш покажаа дека најсилната сила меѓу луѓето е доброто срце што знае да допре друго срце.




