Дом и семејство

По 54 години разделеност – трогателна средба на брат и сестра кои не престанаа да се бараат 

Братот и сестрата биле разделени уште како деца, и животот ги однел на различни страни на светот.

Advertisement

Судбината понекогаш со жестока сила ги разделува членовите на семејствата, но врската меѓу брат и сестра е нераскинлива, иако животот често ги носи на различни краеви на светот. Било да се работи за разделеност преку континенти или за бурни животни околности, многумина од нив никогаш не престануваат да ги бараат.

Кога по долгогодишно чекање, конечно ќе дојде до повторна средба, таа е исполнет со силни емоции, радост и чувство дека дел од нив повторно е споен.

Advertisement
фото јутјуб принтскрин

Токму така беше и со Морин Годвин и нејзиниот брат Брајан Нојтон, кои по 50 години разделеност, конечно се сретнаа на меѓународниот аеродром во Алабама, САД.

Братот и сестрата биле разделени уште како деца, и животот ги однел на различни страни на светот. Морин од своите 15 години живееше во Северна Алабама, додека Брајан останал во Англија. Без оглед на километрите што ги разделуваа, тие никогаш не се заборавиле.

фото јутјуб принтскрин

„О, толку е убаво да те видам! Како си? Толку долго те чекав“, извика Брајан додека ја гушкаше својата сестра.

Advertisement
фото јутјуб принтскрин

Нивната потрага по повторна средба започнала пред три години, кога Морин успеала преку страницата Ancestry.com да го пронајде својот долгогодишно изгубен брат. Планираниот состанок бил одложен поради глобалната пандемија на коронавирусот, но ова само ја зголемила нивната желба за заеднички момент.

фото јутјуб принтскрин

„Беше тоа прекрасен благослов“, изјави Морин, со насмевка на лицето.

Иако не открила целосни детали за нивното разделување, Морин се сеќава на моментот кога нејзиниот сакан брат бил одделен од неа и како се чувствувала кога исчезнал од нејзиниот живот. Сепак, денес, по толку години, судбината ги обедини повторно, давајќи им шанса да се радуваат на заедничките моменти и да ги надокнадат изгубените години.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button