Сет од пудра, кармин и маскара спакувани во најшизичкиот несесер што сте го виделе
Сакате да внесете позитивни вибрации и добро расположение во топлите летни денови што следуваат? Можете да почнете од несесерот…
Кликни тука и порачај го овој сет шминки »
Освежете го и обновете го вашиот арсенал на производи за убавина и подгответе се за лудо и незаборавно лето. А што е најинтересно, можете да отидете и еден чекор понапаред па да го смените и самиот несесер за нов модел кој сите пријателки ќе ве прашуваат од каде ви е. Но, да тргнеме чекор по чекор. По патот до целта ќе не води нашата сакана бјути блогерка Алек Потер, која специјално за Штипка избра неколку производи со кои направивме сет кој е задолжителен за ова лето и кој отсега можете да го порачате и онлајн, а е наречен едноставно SUMMER BEAUTY BOX by Stipka. Во сетот се вклучени козметички производи кои многу пати досега сме ги користеле и сме имале можност да се увериме во нивниот квалитет (посебно во однос на цената што треба да се плати за нив, која е многу поволна).
Значи, што се крие внатре? Па, работите без кои не може да се замисли ниту една козметичка торбичка! Секој сет содржи пудра Natural Fix од Radiant која има долготраен мат ефект и заштитен фактор СПФ 15, потоа кармин Matt late Lipstick од Radiant во боја по која полудеа девојките ширум светот, како и маскара Magna Lash во црна нијанса со која одлично ќе го заокружите вашиот летен изглед. Со производите следува и несесер од новиот македонски бренд Maca Factory кој e одличен за чување на вашите волшебни стапчиња, но воедно и изгледа многу интересно, така што не може а да не привлече внимание кога ќе го извадите од чантата!
Цената на сите производи заедно изнесува 2840 денари, а со пакетот SUMMER BEAUTY BOX by Stipka можете да ги добиете со специјален промотивен попуст по цена од само 1990 денари доколку го порачате до крајот на овој месец.
Natural Fix All Day Matt Make up »
Летото се приближува, а ние се здруживме со Trgovski.mk и заедно со Алек Потер ги избравме производите кои се задолжителни за нашата убавина и добро расположение за оваа сезона. Овде на прво место е долготрајниот течен кармин во боја на каранфил која е апсолутен хит за оваа сезона (нијанса број 07). Карминот има мат ефект и кремаста текстура, збогатен е со витамин Е и други природни состојки за екстра хидратација на усните. Содржи сончеви филтри СПФ 15 за заштита од штетни сончеви зраци и не содржи парабени, а со него неминовно ќе бидете во тек со најголемите светски трендови кога се шминките во прашање. Пудрата NATURAL FIX All Day Matt make up се задржува на вашето лице долго време и совршено ги сокрива недостатоците, збогатена е со витамин Е за екстра хидратација и содржи ситни прашкасти честички за регулација на маснотиите на лицето. Апсолутно не е штетна за вашето лице, не содржи масла и парабени и одговара на сите типови на кожа.
Кликни тука и порачај го овој сет шминки »
И за крај, тука е и маскарата Magna Lash, исто така од Radiant Professional Make Up (прочитај ја нашата рецензија за овој производ тука) со која ќе добиете совршен волумен и максимално свиткување на секоја ваша трепка. Маскарата има густа четка со која ќе ги свиете и најправите трепки и ќе им ја дадете саканата густина, а црната нијанса вклучена во овој сет совршено им стои на сите, особено во комбинација со карминот во розова боја.
Па, доколку сакате да го порачате овој сет, кликнете тука »
види повеќе » |