НовостиХороскоп

Плутон е ретрограден, а најмногу ќе ги погоди овие знаци – длабоки траснформации, рушење мостови, се тресе тлото под нозе!

Плутон е симбол на обновување преку рушење – преку прекинување со старото и создавање простор за ново. Кога е ретрограден, неговата енергија се насочува навнатре.

Advertisement

Од вчера, 4 мај па се до 13 октомври 2025 година, Плутон ќе се движи ретроградно низ знакот Водолија, отворајќи период на тивка, но силна внатрешна трансформација.

За разлика од побрзите планети, Плутон делува бавно, но длабински – неговото влијание се чувствува во корените на нашата личност, односот кон моќта и авторитетот, како и начинот на кој се справуваме со лични и колективни кризи.

Advertisement

Што значи овој транзит?

Плутон е симбол на обновување преку рушење – преку прекинување со старото и создавање простор за ново. Кога е ретрограден, неговата енергија се насочува навнатре: нè тера да се соочиме со несвесните механизми, скриените стравови и зависности, како и со сè што повеќе не ни служи.

Водолија, како знак на иднината, слободата и иновациите, нè предизвикува да ги преиспитаме нашите верувања, односот кон колективот и чувството на лична слобода.

Овој ретрограден период ќе биде тивок катализатор за промени кои ќе се почувствуваат на долги патеки, особено кај оние кои се под директно влијание на оваа планета.

Advertisement

За кои хороскопски знаци следува период на предизвици и раст?

Бик – Можни конфликти или важни одлуки поврзани со кариерата, статусот и односот кон моќта. Старите амбиции ќе се преиспитуваат, а новите цели ќе се појават од внатрешна потреба за автентичност.

Шкорпија – Фокусот е на домот, семејството и внатрешниот мир. Овој период може да донесе емоционални пресврти или потреба за отстранување на токсични модели од детството.

Водолија – Најдиректно погодени од овој транзит. Личноста, имиџот и начинот на кој се поставувате пред светот ќе претрпат длабока промена. Ова е време за откривање на вашата вистинска природа.

Риби – Ќе бидете повикани на внатрешно чистење. Темите на прошка, ослободување од стари емоционални товари и духовно будење се клучни.

фото-пекселс

Како најдобро да го искористите овој период?

Внимавајте на интуицијата и слушајте го внатрешниот глас.

Избегнувајте импулсивни одлуки. Плутон ве учи на трпение и длабинска анализа.

Практикувајте самоодраз – водете дневник, медитирајте, размислувајте за својата животна насока.

Отфрлете ја потребата за контрола – најголемата трансформација се случува кога се ослободуваме.

Овој ретрограден транзит не треба да се гледа како закана, туку како можност за искрен поглед кон себе и за подготовка на теренот за поголеми животни промени кои ќе се случат во наредните години.

„Вистинските револуции почнуваат во тишината – таму каде што човекот го сретнува своето најдлабоко јас.“

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button